ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ ESPRESSO

Кога „куршумот кај и да е ќе те стигне“ според ОЈО е „новинарско препукување“

October 23, 2024 12:42
in ESPRESSO, ZOOM IN, ДЕНЕС, МЕДИУМИ, ПРАВДА
Мицкоски доби мандат ако сака да ја запали државата, да ја запали
Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: ЈАНЕ ЃОРЃИОСКИ

Она кога заканата „куршумот кај и да е ќе те стигне“ според ОЈО е „новинарско препукување без конкретна намера и цел да се упати закана“, или – она кога новинарите се глинени гулаби поставени на ѕидот за отстрел токму од нашиот правосуден систем.

За што конкретно станува збор.

Основно јавно обвинителство по цели девет месеци од пријавата поднесена на 24.01.2024 година, оцени дека заканувачката порака „Биди видлив гнидо, куршумот кај и да е ќе те стигне“од профилот на извесен „Александар Антиќ“, упатена кон уредникот на Цивил Медиа, новинарот Џабир Дерала, за колумната „Снајперисти со врзани очи“, било, како што стои во одговорот  – „новинарско препукување, без конкретна намера и цел, да се упати закана, ниту да се заплаши било кој, особено не авторот на текстот Дерала“.

Внимавајте добро, за нашето Јавно обвинителство „куршумот кај и да е ќе те стигне“, не е конкретна закана.

Обвинителството понатаму вели дека не можело да ја лоцира точната ИП адреса од каде што е испратен коментарот и обвинителот оценил дека „нема место за јавно обвинителско постапување“.

Цели 9 месеци ревносното ОЈО не можело да лоцира ИП адреса, драги мои.

Ако ова значи дека обвинителството не можело да го идентификува лицето што ја напишало заканата, тогаш како побогу обвинителот заклучил дека извесниот Александар Антиќ е новинар, зошто нели во образложението стои дека е „новинарско препукување“.

Многу интересна е и забелешката „…ниту да се заплаши било кој, особено не авторот на текстот“.

Како бе јавен обвинителе „особено не авторот на текстот“?

Што требало да напише заканувачот? – „Ти Џабир Дерала со ЕМБГ 000001999100 место на живеење ул. Датибамиобвинителствоисудскисистем бр. 007, роден на тој датум… Биди видлив гнидо, куршумот кај и да е ќе те стигне“. Така ли требало А. Антиќ да напише за да не биде „особено не авторот на текстот“?!

Олку дупки во десет реда јавно-обвинителско образложение, речиси невозможно е да се напишат, но ете нашето ОЈО ревносно го демантира невозможното

Погледнете го документот потпишан од јавниот обвинител Анел Фидоски:

Одговорот на ОЈО кој пристигна девет месеци по пријавата

Каква порака ОЈО испраќа со вакво образложение до оние кои им се накрвиле на новинарите што не им се по ќеф? – „Стрелајте слободно другари! Испуканиот куршум не е доказ за убиство. А ако не може да се идентификува од кој пиштол е испукан нема да го земеме во предвид ни под разно“.

Каква пак порака испраќа молкот на новинарските здруженија: ЗНМ, ССНМ… на вакви скандалозни одлуки против истакнати новинари, уредници, колумнисти…. е една сосема друга мачна тема.

Ајт…!


Текстот е личен став на Авторот.
Tags: Јане ЃорѓиоскиОЈОЏабир Дерала
Next Post

Завршна Конференција на проектот „Зголемување на атрактивноста, инклузивноста и релевантноста на стручното образование и обука и образованието за возрасни“

Shortcut

Најново

РАСПАД НА СИСТЕМОТ – проверка во вар-собата не е потребна

August 1, 2026

Тематска дебата на СДА Македонија: Северна Македонија помеѓу европската интеграција и “Српскиот свет”

July 31, 2026

ХРОНОЛОГИЈА НА ЕДЕН ДИГИТАЛЕН КОШМАР: Како вештачката интелигенција ги премина безбедносните бариери и го вклучи црвениот аларм во дигиталната индустрија

July 31, 2026

Премиерата на „Три сестри“ во МНТ со превод на англиски јазик

July 31, 2026

Митева: На 16 август уште еден голем настан во Струмица за 35 години независност

July 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • ХРОНОЛОГИЈА НА ЕДЕН ДИГИТАЛЕН КОШМАР: Како вештачката интелигенција ги премина безбедносните бариери и го вклучи црвениот аларм во дигиталната индустрија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кога и цртањето на табла не помага

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Митева: На 16 август уште еден голем настан во Струмица за 35 години независност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Герасимовски: СДСМ мора да се обедини и да се врати на терен, да ги вратиме дебатите во партиските простори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од 1 август поскапува парното греење во Скопје, поскапува и горивото

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk