ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home МЕДИУМИ

ЗНМ го осудува недоличното однесување на пратеникот Ковачки кон новинарката Делевска, тој вели внимателно ги следел објавите

November 13, 2024 09:52
in ДЕНЕС, МЕДИУМИ, ПОЛИТИКА, СКАНДАЛИ
Share on FacebookShare on Twitter

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) го осудува непрофесионалното и недолично однесување на пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки, кој ја попречувал новинарката од онлајн медиумот СакамДаКажам.мк, Соња Делевска, додека ја вршела нејзината професионална работа во Собранието.

Новинарката Делевска, како што известува во дописот до ЗНМ, ја извршувала својата професионална должност и поставувала легитимни прашања до директорот на Агенцијата за национална безбедност, Бојан Христовски. Додека Христовски одговарал на прашањата на Делевска, во врска со неговиот сертификат за англиски јазик, пратеникот Ковачки и се обратил со зборовите: „исклучи го микрофончето, снимаш“ и воедно покажувал на нејзиниот телефон. Делевска го понудила својот телефон на пратеникот, по што тој одбил да го земе и го повикал Христовски да си замине.

„Ги повикуваме сите политички претставници да покажат соодветно ниво на почит и конструктивен однос кон медиумите и нивните претставници, да одговараат редовно на нивните прашања, и да се воздржат од какви било форми на притисок и клевети.

Потсетуваме дека слободата на медиумите и правото на новинарите да поставуваат прашања се основни принципи на демократското општество. Секој обид за попречување, заплашување или дискредитација на новинарите претставува директен напад врз слободата на изразување и транспарентноста на институциите.

ЗНМ ќе продолжи будно да ја следи состојбата со правата на медиумските работници и да се залага за заштита на професионалните новинарски стандарди“, се наведува во соопштението на ЗНМ.

Пратеникот Ковачки вели внимателно ги следел објавите во медиумите за овој случај.

„Внимателно ги следам објавите на медиумите во кои ме обвинуваат дека сум ја обвинил новинарката Соња Делевска дека при поставување на прашања во ходник на директорот на АНБ, снима со телефонот. Посочената новинарка никогаш претходно не сум ја видел ниту сум имал било каков претходен контакт со неа. Молам да бидеме достоинствени во известувањето затоа што тенденциите за оцрнување се прилично очигледни. Отсекогаш сум се залагал за најширока транспарентност и сум имал коректен однос со новинарите. Но, не е во ред да се настапува со теза која е потврдена само од новинарот. Доколку новинарката е навредена од мене иако за тоа нема никаква причина, јас еве јавно и се извинувам. *за погрдните и омаловажувачки зборови кои беа упатени кон мене од новинарката, а за што има сведоци, не барам извинување“, напиша на Фејсбук пратеникот Ковачки.

И опозициската СДСМ „го осудува недоличното однесување на пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Драган Ковачки кој во Собранието попречувал новинари да земат изјава од партиски назначениот директор на АНБ, Бојан Христовски, не дозволувал да му се поставуваат прашања и грубо ги клеветел новинарите“.

„Ова однесување многу потсетува на режимското време на ВМРО-ДПМНЕ и односот кон новинарите и претставува напад врз слободата и вредностите на едно демократско општество. Јасно е дека матрицата на оваа партија не е променета. Секој обид за попречување, заплашување или дискредитација на новинарите претставува директен напад врз слободата на изразување. Драган Ковачки и ВМРО-ДПМНЕ треба да излезат и да јавно да им се извинат на новинарите“, се наведува во соопштението од СДСМ.

Ј. Ѓ.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: ЗНМКовачкискандалСоња Делевска

НАЈНОВО

Во македонскиот КИЦ во Тирана изложба на дела на жени уметници од повеќе земји

May 19, 2025

Уставен суд: Поништувањето на изборот на судијката Дуковска е правен преседан, подготвителната седница за Законот за јазиците одложена

May 19, 2025

Британскиот премиер Стармер ја нарече ситуацијата во Газа „неподнослива“

May 19, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Мицкоски „пука“ против Таравари, Фетаи и Сулејмани ѝ вртат грб на Алијанса за Албанците, ДУИ гледа сеир!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Научив дека смолата може да ја исуши црешата ко вмро Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Австрија победник на Евровизија 2025

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Линии со код, реки од крв

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Скриен извор на чиста енергија би можел да ја напојува Земјата 170.000 години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk