РИБАРО
Српскиот претседател Александар Вучиќ, кој за време на Фестивалот на виното во Белград, го бараше македонскиот премиер Христијан Мицкоски (А где ми је Христијан?!), како што известуваат за АХА од кабинетот на Вучиќ, конечно успеал да го најде.
– Го најдов!
– Људи мои, не ми се верува – беше во десниот горен џеб од моето кинеско сако што ми го подари Орбан, на сугестија од Путин. Умен е тој, се завил во близина на моите топли пазуви и одбиваше да излезе. Ми требаше долго време да го убедам да ја напушти комоцијата што ја уживал, ама сепак на крај успеав, коментираше Вучиќ.
– Христијане момче, храбро и гордо македонче, шта си се сакрио?! Излези, ќе те чувам секогаш при себе. Нашите верни патрони нема да дозволат ништо да ни се случи, а јас сум ти првата гаранција за тоа, истакнал Вучиќ, радосен што успешно ја завршил потрагата по Мицкоски.
Од кабинетот на Мицкоски, за АХА, ја потврдија информацијата дека премиерот на Нашата земја е најден и нагласија дека е во одлична психо-физичка кондиција.
Рубриката АХА! е простор за хумор и сатира. Секоја сличност со реалноста е намерна и не е претерана.
FRONTLINE.MK