ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home АНАЛИЗИ

Владата не е „изненадена” туку вградена во влошувањето на меѓуетничките односи

December 6, 2024 08:06
in ZOOM IN, АНАЛИЗИ, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Фотомонтажа: РИБАРО

Фотомонтажа: РИБАРО

Share on FacebookShare on Twitter

Имаме поголемо животно искуство во различностите од самата Европска унија и време е повеќе да се зборува за европеизација отколку за дестабилизација, а главни фактори во оваа насока се некои политичките партии, велат за „Фронтлајн“, познавачи на политичките збиднувања во земјава.

Ивон Величковски – лидер на Движењето за нова република, поранешен пратеник и лидер на Либералната партија вели дека „со гласање за интерпелациите, опозицијата ќе докаже дека не поддржува нарушување на меѓуетничките односи. И обратно“.

– ВМРО-ДПМНЕ и Владата со месеци гради атмосфера на дестабилизација и бара виновник во опозицијата. За тоа време Мицкоски се обидува националната политика да ја сведе на етно-партиски договор, а Филипче на малцински партнер во неа. Перформансите на (челниците) на МВР и до крајот на ноември секако се доволна основа за барање нивно разрешување. Истото се однесува на Министерството за етнички заедници. Нивното отсуство во превенцијата на настаните, објаснува дека Владата не е „изненадена” туку вградена во влошувањето на меѓуетничките односи. Девучиќевизацијата на националната политика во Северна Македонија започнува со координирана опозициска политика, изјави Величковски за „Фронтлајн“.

Џелал Хоџиќ – претседател на СДА Македонија смета дека реториката на дел од партиите уште од предизборието, во која етничките Македонци се поттикнуваа да размислуваат дека Албанците имаат премногу власт и дека Македонците се народ од втор ред, како и пораките со слоганите „Македонија повторно твоја”, потоа и системското напаѓање на концептот на правична и соодветна застапеност, што е Уставна норма, која е резултат на Охридскиот рамковен мировен договор, придонесе да се создаде перцепција кај Албанците и немнозинските заедници дека национализмот на ДПМНЕ и ЗНАМ ќе се обиде да чепне во веќе остварените права на голем процент од населението.

– Одговорите на сето ова, кои секако беа за очекување, од албанскиот политички фактор, кој има и моќ и механизам да се спротистави на оваа перцепција, дополнително ја зовријаа атмосферата, затоа што политичкиот одговор во јавноста од ДУИ и ВЛЕН исто така содржеше одредени националистички пораки од кои кај етничките Македонци служеа за подигнување на спиралата на национализмот и потврда на создаваната перцепција дека Албанците сакаат доминација. После изборите ВЛЕН се повлече од ветените позиции и влезе во власта со ДПМНЕ и ЗНАМ, вели за Фронтлајн, Хоџиќ.

По инцидентите на 28 ноември кои се проследени со заострена реторика меѓу политичките партии, верските лидери во Северна Македонија повикаа на соживот.

– Бог ни дал да живееме во една, заедничка држава. Затоа ние, поглаварите на Македонската православна црква ‒ Охридска архиепископија, Исламската верска заедница, Католичката црква, Евангелско-методистичката црква и Еврејската заедница, ги повикуваме сите македонски граѓани да не потклекнат пред некои обиди за нарушување на соживотот, туку сите заедно да продолжиме да ја запазуваме почитта едни кон други, кон државните симболи на нашата Татковина и кон симболите на сите етнички заедници во неа, соопштија верските заедници.

Дестан Јонузи

Tags: верски лидериВладамеѓуетнички односиопозицијаПартии
Next Post

Годишен концерт на Факултетот за музичка уметност - Скопје

НАЈНОВО

Собранието стави крај на евтиното онлајн купување: ДДВ од 18% за „Тему“ и „АлиЕкспрес“ пратки

November 18, 2025

ДЗР: Неправилности во работењето на прилепската болница во 2024

November 18, 2025

(ВИДЕО) Претставничкиот дом денеска гласа за објавување на сите документи за Џефри Епштајн и Гилејн Максвел

November 18, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Леонардо Дикаприо. Фото: Скриншот

    Леонардо ди Каприо откри кој е неговиот „омилен актер на сите времиња“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • МОН ги објави резултатите од конкурсот за ученички стипендии 2025/2026

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 18 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Александар Вучиќ пријавен во Јавното обвинителство во Милано за случајот „Сараево сафари“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Албанија ја претрча Македонија на патот кон ЕУ, Мицкоски упорно инсистира дека не е така – Брисел упорно го демантира

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk