ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ON THE HOUR

15: Новозаболени 22 од Ковид -19, ќе запре ли јавниот градски превоз, сите синдикати против намалување на плати

Сублимат на актуелности од 12 до 15 часот.

March 23, 2020 14:59
in ON THE HOUR, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Автобусите во Скопје и утрово преполни, ќе запре ли целосно јавниот градски превоз?! Од ЈСП за Фронтлајн велат дека ги чекаат насоките од Град Скопје, од каде пак чекаат нови одлуки и мерки од страна на Владата. Министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески, на денешната прес конференција во Влада, рече дека доколку е потребно, ќе се забрани транспортот на луѓе меѓу градови и села.

Вкупно 136 заболени од корона вирус, 22 новодијагностицирани, двајца починати. Според местото на живеење досега регистрирани случаи на заболени од КОВИД-19 има во Скопје-81, од кои едно лице е од Богданци но живее во Скопје, во Дебар 40 лица, во Штип седум, во Куманово 3, во Кавадарци 2, во Охрид 2, а од нив едното лице е од Скопје, но е во изолација во Охрид и во Гостивар едно лице.

„Сумамед“ отсега само на бел рецепт, обезбеден и лек против маларија. Од Владата известија дека обезбедиле доволно количестви за целото население, како и дека лекот против маларија е обезбеден за 10.000 пациенти.

За УПОЗ неприфатлив предлогот за намалување на платите во јавната администрација. Доколку Владата го прифати овој предлог, значително ќе биде загрозена егзистенцијата на илјадници вработени во јавната администрација чии плати и онака се под просечната плата во државата, посочуваат од УПОЗ.

ККС: Задолжете се, имате начин и можност, но немојте да нè деградирате. Предлагаат да се консултираат експерти и да се носат поприфатливи предлози во оваа ситуација во која државата се справува со корона вирусот.

СКРМ: Кратењето на платите процентуално, во зависност на висината на платите или како праг да биде земена просечната плата, не минималната. Вработените во културните и уметнички институции кои одработуваат 40 часа неделно и во времето на кризата, да не подлежат на мерките за намалување на платата (најчесто персонал за обезбедување и одржување на објектите) ; Вработените кои се самохрани родители да не подлежат на мерките;

Нацрт заклучоци на ЕУ: Почеток на преговори со Северна Македонија и Албанија. Текстот на заклучоците, кои можат да претрпат мали промени по министерскиот состанок кој ќе се одржи утре, гласи: „откако го разгледа извештајот на Европската Комисија за напредокот на Северна Македонија од 2 март 2020, Советот го поздравува тоа што земјата покажа одлучност во напредокот на ЕУ агендата и испорача опипливи и одржливи резултати“. -Со оглед на остварениот напредок и исполнувањето на условите поставени едногласно од Советот во јуни 2018, Советот одлучува да отвори преговори со Република Северна Македонија, се вели во текстот.

Next Post

Полицискиот час го промени желeзничкиот возен ред

Shortcut

Најново

Проекција на пет кратки филма од македонски уметници во рамките на проектот „Жените и уметноста“

September 4, 2026

Филипче прашува за скриени 350 милиони евра, Мицкоски возвраќа дека СДСМ покажува економско непознавање

September 4, 2026
Илустрација Фронтлајн

Архитектот на британската AI-стратегија премина во Anthropic, се отвори прашање за конфликт на интереси

September 3, 2026

Угледната француска издавачка куќа „Галимар“ го објави првиот роман на писателката Румена Бужаровска, „Тони“

September 3, 2026
Фото: Министерство за транспорт

Николоски: Градскиот воз е реалност, огромна предност за учениците, студентите, пензиониерите и за сите граѓани

September 2, 2026

НАЈЧИТАНО

  • До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски: Јовановиќ призна дека Владата на СДСМ и ДУИ остави долг за кој денеска плаќаме камати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фотографски записи од центарот на Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЦИВИЛ бара разрешувања и законска одговорност за величањето на Младиќ: Нема помирување без правда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од празни селски училишта до преполни градски училници: Новата реалност на образованието

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk