ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Европратениците за ситуацијата во Србија: Дебатата заврши, различни тонови на пленарната седница во Стразбур

February 12, 2025 11:00
in ДЕНЕС, ЕВРОПСКА УНИЈА, РЕГИОН

Пратениците на Европскиот парламент на пленарната седница во Стразбур разговараа за ситуацијата во Србија. Освен европските пратеници, зборуваше и еврокомесарката за проширување Марта Кос.

На дебатата во Европскиот парламент се слушнале различни тонови кога е во прашање Србија. Некои беа остри кон српската влада и претседателот Александар Вучиќ, додека други изразија попомирувачки тонови. Заклучокот може да биде дека, она што го потсетија мнозинството пратеници, е дека мирните собири се европска вредност и дека мора да се истражат нападите врз студентите и граѓаните кои мирно протестираа, како и одговорноста за уривањето на железничката станица во Нови Сад кога загинаа 15 лица, пренесе Еуроњуз. 

Се слушнаа и предлози што треба да направи Србија, за тоа дека треба да се формира техничка влада која треба да ги подготви следните избори. Од одредени пратеници слушнавме дека ова се најголемите протести во Србија по падот на Слободан Милошевиќ, а многумина отворено ги поддржаа студентите во нивните барања и нивната борба.

На расправата се осврнаа и на тоа дека младите се борат против корупцијата во Србија. Критики имаше и упатени до Европската комисија, а особено до претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, поради добрите односи со претседателот на Србија, Александар Вучиќ.

„Патот на Србија кон ЕУ е токму она што нуди решенија за многу прашања кои се суштината на барањата на демонстрантите во Србија денес. Реформите што сакаме да ги видиме за време на процесот на пристапување ќе ја зајакнат борбата против корупцијата, ќе обезбедат независност на судството и одговорност на институциите и транспарентни јавни набавки, ќе ја промовираат слободата на медиумите и плурализмот на изборите и ќе ги подобри условите за избори“, рече Марта Кос.

Пратеникот во Европскиот парламент Лукас Фурлас изјави дека Србија е еден од столбовите на стабилноста на Западен Балкан и е дел од европското семејство.

„Тука сме да помогнеме да одговориме на сите проблеми и предизвици. Српскиот народ знае што треба да направи за да влезе во Европската унија и ние ќе му помогнеме во тоа“, рече Фурлас.

„Сведоци сме на политичка криза во Србија, а политичките кризи бараат политички решенија. Решенија не можат да бидат протерување на граѓаните на Европската унија или неосновани обвинувања за странско мешање. На новите избори, доколку се случат, треба да им претходи реформа на изборниот систем во согласност со препораките на ОБСЕ и Советот на Европа“, рече известувачот на Европскиот парламент за Србија, Тонино Пицула.

Расправата всушност ја заокружи оваа тема во Европскиот парламент, барем кога е во прашање оваа сесија, бидејќи освен расправата нема резолуција или документ што би се формулирал, туку останува само на оваа расправа. Можеби е важно да се каже и дека цела оваа дискусија од балкон ја следеа неколку пратеници од српскиот парламент, кој ја сочинува делегацијата за соработка со Европскиот парламент, бидејќи во следните два дена овде во Стразбур се одржува средба меѓу делегациите на српскиот парламент и делегациите на Европскиот парламент.

Tags: европратенициСрбија
Next Post

Без вода корисниците од улиците „Клинска Леса“ и „Пере Тошев“, во Општина Чаир

НАЈНОВО

ДИК одлучи: На независните кандидати ќе им бидат потребни само два потписа од избирачи за учество на локалните избори

August 17, 2025

Макрон: Путин не сака мир, туку капитулација на Украина

August 17, 2025

Фон дер Лајен и Зеленски од Брисел: Само Украина може да решава за своите граници, убивањето мора да се запре

August 17, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Македонците се бели мечки на кои вмро им го топи мразот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Историјата репетирана: Цената на додворувањето кон Русија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Млада жена се обидела да ја убие бабата на својот сопруг со која живееле заедно

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што пишуваа германските медиуми за ескалацијата во Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДИК одлучи: На независните кандидати ќе им бидат потребни само два потписа од избирачи за учество на локалните избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk