ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Дали власта прави упад во правната држава наместо да спроведе реформи во судството?!

March 14, 2025 13:24
in ZOOM IN, ПОЛИТИКА, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Со гласањето од Собранието на интерпелациите за недоверба на петмина членови на Судскиот Совет не значи и оставки за овие пет члена на советот. Од друга страна од опозициската ДУИ најавија дека по терк на ова интерпелација ќе бараат интерпелација за уставните судии.

За ДУИ, потегот на власта за разрешување на судии од Судскиот совет е поткопување на темелите на демократија и се вршат притисоци за оставка, но тие ќе вратат со исто средство за судиите од Уставниот суд кои, како што нагласија, задираат во албанскиот јазик.

– Ќе почнеме од Уставниот суд и сега набргу ќе поднесеме интерпелација за судиите на Уставниот суд коишто се избрани во овој дом, изјави Илир Хасани од ДУИ.

Ставот на Уставниот суд по најавата од ДУИ дека ќе поднесат интерпелација и за уставните судии во пресрет на расправата за Законот за употреба на јазиците е дека „Уставот не предвидува никаква можност за разрешување на уставен судија ниту од страна на законодавната, ниту од извршната власт“.

За постапката за разрешување на судии опозицијата ја обвини власта дека не прави никакви реформи, и дека ова што се случуваше во Собранието со интерпелацијата на дел од Судскиот совет за опозицијата, и како што нагласуваат, и за целата демократска јавност претставува упад во правната држава и комплетно кршење на Уставот.

– Ако вели владата дека прави реформи, јас би ги прашала, зошто на интерепелацијата во парламентот не се најде министерот за правда кој ги има истите права и одговорности во рамките на судскиот совет, а за чие членување во судскиот совет токму оценската мисија на ЕУ е онаа која прва забележува дека министерот за правда не треба да биде дел од судкиот совет, изјави заменик претседателката на СДСМ Фани Каранфилова Пановска.

Според неа, ова не е ништо друго освен амбиција, притисок, врз членовите на судскиот совет и целото судство со идеја таму да се инсталираат партиски послушници.

Премиерот Христијан Мицкоски најави дека се можни протести доколку петмината членови на Судскиот Совет не си поднесат оставки по постапката за интерпелацијата во Собраноето.

– Ќе им се случи народ, ќе излезе народ на улица и ќе протестира, народот е гладен и жеден за правда. Замислете имате кај граѓаните помала доверба од 2 или 3%, ве разрешуваат и вие не си заминувате, водите инает. Ќе им се случи народ, прв ќе застанам кој ќе го води народот, ветувам дека тоа ќе се случи, изјави премиерот.

Амбасадорката на САД Анџела Агелер порача дека мора да се следат законските одредби при процесите поврзани со интерпелацијата на петте члена на Судскиот совет која се одигра во Собранието.

– Не може да ги коментирам, ги следиме одблиску процесите. И процедурата во Собранието, исто и нивните изјави. И за секој од овие случаи најважнео е да се следи законот и да се следи со почитување и транспарентност за да биде јасен пред сите кои ги набљудуваат тие процеси, одговори амбасадорката на САД, Анџела Агелер.

Известувачот на Eвропскиот парламент за Mакедонија Tомас Вајц во пишана изјава до медиумите реагираше на, како што се наведува, притисокот на владината коалиција членовите на Судскиот совет да поднесат оставки или да бидат разрешени поради нивната наводна политичка припадност.

– Овој повик од страна на Владата е загрижувачки знак за политичко мешање во судството. Независноста на судскиот систем е клучна за владеењето на правото и поделбата на власта, кои се темелни вредности на патот на македонија кон ЕУ, наведува Вајц во пишаната изјава до медиумите.

Законот за судски совет во членот 31 пропишува шест основи за разрешување на членови на Судски совет. Во нив не е наведена постапка преку интерпелација во законодавниот дом, кој избира третина од телото.

На член на Судски совет му престанува мандатот ако му е истечен, на негово барање, ако е разрешен од судија, осуден е со правосилна судска пресуда за кривично дело злоупотреба на службена должност и овластување во вршење на функцијата, ако му се утврди трајна неспособност за вршење на функцијата или пак е избран на друга јавна функција.

На 11-ти март, Собранието им изгласа недоверба на петте члена на Судскиот совет, избрани во Собранието. Интерпелациите не се обврзувачки за членовите на Судскиот Совет Весна Дамева, Селим Адеми, Миљазим Мустафа, Тања Чачарова-Илиевска и Павлина Црвенковска, но владејачкото мнозинство очекува да си поднесат оставки.

Зад иницијативата за интерпелациии, поднесена на 7 февруари, застанаа 67 пратеници од владејачкото мнозинство, но за заминувањето од функциите на петте члена на Судскиот совет ќе треба да одлучат самите, а така налага и Законот за Судски совет.

Дестан Јонузи

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: ВладаВМРО-ДПМНЕСДСМСобраниесудски совет

НАЈНОВО

Папа Лео XIV Фото: Скриншот

Кој е Роберт Превост, новиот папа?

May 8, 2025
Папа Лео XIV Фото: Скриншот

(ВИДЕО) Избран новиот папа: Лео XIV првиот американски папа во историјата

May 8, 2025

(ВО ЖИВО) Идентитетот на новиот папа ќе го објави кардиналот Доминик Мамберти

May 8, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Галоп на полжавите во изборна година

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Аналитичари сметаат дека Мицкоски спроведува етничка програма во мултиетничка држава

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВО ЖИВО) Идентитетот на новиот папа ќе го објави кардиналот Доминик Мамберти

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бел чад од Сикстинската капела: Habemus Papam

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Град окован во лаги и срам: Туристички водич низ отворениот музеј на кичот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk