Студентите во блокада и белграѓани денеска се собраа пред зградата на македонската амбасада во Белград, за да им оддадат почит на настраданите во дискотеката во Кочани. Насобраните положија цвеќе и запалија свеќи.
Дипломатите од амбасадата излегоа да ги поздрават насобраните студенти и граѓани.
Меѓу присутните беше и македонскиот амбасадор во Србија, Никола Тупанчевски.
Студентите во блокадата на својот Инстаграм профил објавија дека поради трагедијата во Кочани, каде загинаа најмалку 59 млади лица, ги замолуваат граѓаните денеска да не учествуваат во активности кои вклучуваат бучава.
„Денеска е ден на жалост во Србија поради трагедијата во Северна Македонија. Денеска се солидаризираме и денот го поминуваме во тишина“, порачаа студентите во блокада.