ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Гроздановски: Според европска рамка, 5G брановите се безбедни

АЕК има поставено неколку станици за тестирање на 5G мрежата низ цела држава.

March 31, 2020 11:18
in TECH FRONT, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Министреството за информатичко општество и администрација и Македонски телеком по многуте шпекулации за активна 5G мрежа на територија на Северна Македонија деновиве преку соопштенија ги демантираа сите тврдења дека петтата генерација интернет е достапна во нашата земја, како и теориите дека таа е штетна за здравјето на луѓето. Особено фактот дека 5G има некаква врска со корона вирусот.

Редакцијата на Фронтлајн стапи во контакт со раководителот на секторот за контрола и мониторинг на радиофреквенции, Јонче Гроздановски да ни обрајсни околу придобивките и шпекулациите за петтата генерација инернет – 5G.

„Тоа значи дека јонизирачкото зрачење прави промени во структурата на живите организми, додека пак нејонизирачкото, не прави никакви измени во градбата, туку само ја зголемува температурата. На ниво на Скопје ние направивме тестирање на мрежата и според експертската регулатива на ниво на Европа и премерувањето на нивото на зрачење имаме докази дека 5G мрежата е безбедна. Засновано на регулативата, кажуваме и по кој основ е безбедно. На нашата страна на АЕК има детални податоци за тестирањата“, појаснува Гроздановски.

Според извештајот на АЕК од спроведените тестирања, се заклучува дека кај 5G сигналот не постои сигнал кој е со постојана моќност. Мерењата се направени со интеграција на целиот фреквенциски спектар од 100MHz по средната вредност на јачина на електрично поле. Од мерните резултати, според извештајот, со новата 5G технологија, нејонизирачкото зрачење ќе се зголеми.  Во извештајот се вели дека резултатот при ова мерење е на растојание од 160м од базната станица, а вкупното зрачење е помало од 15% од максимално дозволената гранична вредност.

„Тоа се само тешки шпекулации, и вие во вашата новинарска бранша знаете дека секој има слобода да го каже своето мислење, но тоа не значи дека има доказ за тоа. Ако јас кажам дека Водно е Монт Еверест, треба и да го докажам тоа, а немам никаква техничка основа за тоа“, појасни Гроздановски одговарајќи на рашањето зошто се теориите на заговор со кои се обидуваат  јавноста да ја убедат дека епидемијата на корона вирус е всушност прикривање на последиците од зрачењето на 5G антените.

5G останува актуелна тема каде фактите и шпекулации се натпреваруваат за што поголем интернет простор и опфаќање на што е можно поглема читателска публика. Фактите се базираат на мерења и тестирања, а теориите на заговор на што поголема креативност во ширење заблуди, дезинформации и лажни вести.

А. Н. С.

Next Post

Бислимовски: Граѓаните да бидат поштедени од исклучување поради неплатени сметки

НАЈНОВО

Фото: Навивачки клуб на „Барселона“

Се запали автобус со навивачи на „Барселона“ во Бриж, нема жртви

November 5, 2025

Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Украина

November 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Флик сака да ја напушти Барселона?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Волф: Антонели е способен да стане шампион во Ф1

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk