ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПРАВДА

Кривична пријава против пензионирани началник и помошник директорка во МВР

May 5, 2025 17:12
in ДЕНЕС, ПРАВДА, ХРОНИКА
Фото: Фронтлајн

Фото: Фронтлајн

Share on FacebookShare on Twitter

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи, до надлежното Основно јавно обвинителство Скопје, поднесе кривична пријава против Б.Д. и В.В., поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“ по член 353 став 4 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

БД., пензиониран работник, а во време на извршување на кривичното дело на работно место началник на Регионален центар за гранични работи Север, иако знаел дека еден работник со правосилна пресуда бил ослободен од прекршочна одговорност, не изготвил ургенција до Комисијата за вршење на психолошко советување и давање мислење за способноста на работникот во МВР да му се врати одземеното службено оружје, кое му било одземено до завршување на постапката, туку изготвил предлог за негово времено распоредување врз основа на кој работникот бил времено распореден на друго работно место, а за времено упразнетото работно место доставил предлог за времено распоредување на друг работник. Исто така, на распишан интерен оглас не ги известил членовите на Комисијата дека работното место за кое е распишан интерниот оглас е времено упразнето и дека за ова работно место не можело да биде распишан интерен оглас, соопшти МВР.

Второпријавената В.В., пензиониран работник, а за време на извршување на делото помошник директор во Оддел за заеднички работи и управување со човечки ресурси во БЈБ, без барање од првопријавениот и без да утврди дека работното место не е слободно, објавила телеграма за интерен оглас. Исто така, како член на Комисијата за распоредување и унапредување, не ставила забелешка и покрај тоа што била запознаена дека работното месо е само времено  упразнето и се согласила со изборот на работникот за кој имало предлог за времено распоредување од началникот на Регионалниот центар за гранични работи Север.

Со ваквото дејствие, пријавените на работникот кој времено го распоредиле  му  причиниле штета во износ 310.268 денари.

Next Post

Заврши средбата Мицкоски - Таравари, до крајот на месецов ќе се знае иднината за функционирањето на АА во Владата

Shortcut

Најново

Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

July 3, 2026

Мицкоски: Нема да одам за претседател на државата, ќе предводам уште една голема победа над СДСМ на наредните избори

July 3, 2026

Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

July 2, 2026

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Мицкоски веќе создава „ЗНАМ 2.0“ додека актуелната партија прави политички театар со каравани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • КАКО ДА СЕ ПРЕЖИВЕЕ ПЕКОЛОТ: Практичен водич за заштита од екстремните топлотни бранови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk