ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home АНАЛИЗИ

Венецијанската комисија го омекнува ставот за Законот за јазиците во споредба со оној од 2019 година

May 6, 2025 12:59
in ZOOM IN, АНАЛИЗИ, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, ПРАВДА, ЧОВЕКОВИ ПРАВА
Share on FacebookShare on Twitter

„Државите мора да ги преземат сите потребни мерки за да ги обезбедат јазичните права на малцинствата во јазичниот систем.“

Ова е наведено во одговорите од 12 страници на Венецијанската комисија на прашањата поставени од Уставниот суд за Законот за јазиците. Комисијата ги нарекува прашањата апстрактни, образложувајќи дека нејзините одговори не можат да се сечат со нож.

Во точка 52 од заклучокот на Мислењето на Венецијанската комисија се наведува дека:

„Венецијанската комисија и Генералниот директорат за демократија и човеково достоинство заклучуваат дека државите треба да ги преземат сите потребни мерки за да обезбедат целосно спроведување на јазичните права на малцинствата во судскиот систем и да обезбедат заштита за фер судење, вклучително и во истражната и предсудската фаза, особено во контекст на кривичните постапки. Обврските поврзани со кривичните постапки, насочени кон гарантирање на правото на фер судење за обвинетите, го сочинуваат јадрото на регулативата за употреба на малцинските јазици во судството. Сепак, ова се минимални стандарди и ништо не ја спречува државата да гарантира пообемни јазични права во судските постапки, под услов тоа да не го попречува правилното спроведување на правдата. Доколку се направи таков избор, уште поважно е да се обезбедат доволно финансиски ресурси за да се овозможи спроведување на законските одредби.“

Во мислењето на Венецијанската комисија, исто така, се наведува дека доколку обвинетиот во кривична постапка не го разбира државниот јазик што се користи во судот, се применуваат правно обврзувачките стандарди на ЕКЧП (покрај одредбите од Повелбата), додека доколку обвинетиот во кривична постапка го разбира државниот јазик, но сака да се изрази на „јазикот што му е емоционално најблизок“, се применува член 9 од Повелбата (доколку државата ја ратификувала Повелбата).

Според објавеното мислење, може да се заклучи дека Венецијанската комисија го омекнала својот став во одговорите на двете прашања што Уставниот суд ѝ ги испрати, во пресрет на подготвителната седница за Законот за употреба на јазиците, во споредба со онаа од 2019 година.

Венецијанската комисија во 2019 година даде оценка на законот за јазици што беше усвоен во 2018 година, наведувајќи дека некои одредби од овој закон „ги надминуваат стандардите утврдени во Рамковната конвенција за заштита на националните малцинства и Европската декларација за регионални или малцински јазици“.

„Законот од 2018 година значително го унапредува користењето на албанскиот јазик, како јазик што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните на Северна Македонија, во јавните тела. Сепак, во одредени области, законот оди предалеку со наметнување нереални обврски на јавните институции, особено во судските постапки. Обврските се нереални и скапи за спроведување“, се наведува во Извештајот на Венецијанската комисија од 2019 година.

Во меѓувреме, подготвителната седница и расправата за аргументите за и против законот за употреба на јазиците во Уставниот суд е закажана за 19 јуни, додека конечната одлука на Уставниот суд ќе биде донесена по локалните избори.

На подготвителната седница на 19 јуни, пријателскиот совет од Венецијанската комисија ќе дојде да го објасни својот извештај. Се очекува да дојде и судија од Европскиот суд за човекови права, како и експерт за правата на малцинствата кој ќе ги објасни европските стандарди за остварување на јазичните права. На сесиите ќе учествуваат и локални експерти за уставно и меѓународно право, како и за човекови права.

ПРАШАЊА ШТО УСТАВНИОТ СУД ГИ УПАТИЛ ДО ВЕНЕЦИЈАНСКАТА КОМИСИЈА

Кои се меѓународните и европските стандарди за употреба на малцинските јазици во јавниот живот, т.е. во државните органи и јавните институции?

На централно ниво (особено за критериумите што ја регулираат употребата на малцинските јазици на целата територија на државата),
На локално ниво (единици на локална самоуправа)

Кои се меѓународните и европските стандарди за употреба на јазиците во судските постапки и во судскиот систем воопшто?

МУРАТИ: ДА ВИДИМЕ ДАЛИ ОД ПОДГОТВИТЕЛНАТА СЕДНИЦА ЗА ЗАКОНОТ ЗА ЈАЗИЦИТЕ ЌЕ СЕ РАЗЈСАНАТ СПОРНИТЕ ПРАШАЊА

Поранешниот уставен судија и претседател на Уставниот суд Сали Мурати вели дека коректно е да се остави судиите да одлучуваат и дека треба да видиме дали од подготвителната седница на Уставниот суд за Законот за јазиците ќе се разјсанат спорните прашања.

– Не е вкусно сега да коментирам за тој предмет. Знам, добар познавател сум, ги следам работите… по подготвителната седница можам подетално да се изјаснам, бидејќи коректно е сега судиите да одлучуваат по тој предмет, изјави Мурати, кој е пратеник од Движење на Турците на Македонија за правда и демократија, во рамки на коалицијата „Европски фронт“.

Дестан Јонузи

Tags: Венецијанската комисијаЕУЗакон за јазициУставен суд
Next Post
Фото: МИА

Угостителските услуги во март поскапале за 4,4 проценти на годишно ниво

Shortcut

Најново

Проекција на пет кратки филма од македонски уметници во рамките на проектот „Жените и уметноста“

September 4, 2026

Филипче прашува за скриени 350 милиони евра, Мицкоски возвраќа дека СДСМ покажува економско непознавање

September 4, 2026
Илустрација Фронтлајн

Архитектот на британската AI-стратегија премина во Anthropic, се отвори прашање за конфликт на интереси

September 3, 2026

Угледната француска издавачка куќа „Галимар“ го објави првиот роман на писателката Румена Бужаровска, „Тони“

September 3, 2026
Фото: Министерство за транспорт

Николоски: Градскиот воз е реалност, огромна предност за учениците, студентите, пензиониерите и за сите граѓани

September 2, 2026

НАЈЧИТАНО

  • До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски: Јовановиќ призна дека Владата на СДСМ и ДУИ остави долг за кој денеска плаќаме камати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фотографски записи од центарот на Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЦИВИЛ бара разрешувања и законска одговорност за величањето на Младиќ: Нема помирување без правда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од празни селски училишта до преполни градски училници: Новата реалност на образованието

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk