ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ ESPRESSO

Мицкоски и рускиот ДУМА пратеник, тоа се тие афирматори на „данок на бездетност“

July 4, 2025 21:08
in ESPRESSO, ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, ЧОВЕКОВИ ПРАВА
Фото: Генерирано со ВИ

Фото: Генерирано со ВИ

Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: ЈАНЕ ЃОРЃИОСКИ

Мицкоски вели размислувал за воведување на данок на немажени и неженети. Ќе ги оданочувале граѓаните кои не се во брак.

Овој опасен предлог беше изнесен за време на настанот „Демографски трендови, предизвици и можни решенија – Развој на стратешки документи за демографска отпорност“, при што Мицкоски, без ни најмало двоумење, соопшти дека Владата разгледува идеја за дополнителни даноци за неженети и немажени.

Од каде му на премиерот на Нашата земја, таква идеја?

Ваквите изјави, кои Мицкоски сака да ги продаде како „стимуланси за наталитет“, во суштина се ехо од авторитарните и патријархални режими кои под превезот на демографска загриженост се обидуваат да го контролираат личниот живот на граѓаните.

Па така, случајно или не, речиси идентичен предлог веќе имаше во руската ДУМА.

Во октомври 2024 година, како што потсетија од Мрежата за заштита од дискриминација, рускиот пратеник и поранешен офицер на армијата, Андреј Гуруљов, јавно повика Русија повторно да го воведе советскиот „данок на бездетност“. Според него, оние што немаат деца би требало да плаќаат придонес во фонд за поддршка на сираци. Слично на советската пракса, ваквата мерка се оправдува како „морална должност“ заради нацијата, традицијата и „машкиот легат“.

Но, не знам зошто сме изненадени. Прво што направија Мицковци кога дојдоа на власт, рекоа дека се напушта родовата политика.

Па сега не е ни чудно што наместо современи и инклузивни политики за родова еднаквост, достапни градинки, стабилна економија и безбедни работни места – македонската Влада, се заканува со казнена политика за оние кои не се вклопуваат во „идеалниот модел на семејство“.

Не е прв пат Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ да ги тестира границите на демократската толеранција со контроверзни предлози кои звучат како „политички сигнал“ кон одредени идеолошки кругови. Но, оваа идеја – за оданочување според брачен статус – претставува директен удар врз уставната гаранција за еднаквост и приватност.

Да се предложи таква мерка од врвот на Владата значи да се внесе идеолошка агенда во фискалната политика – што е една од најопасните зони за злоупотреба. Особено ако се земе предвид дека ваквите предлози доаѓаат во време на растечки национализам, дискриминација и напади врз различноста.

Ова ли е уште едно од низата ‘новото реално’ на кое треба да се навикнуваме, Премиере? Држава што ќе казнува љубов, избор, самостојност и слобода?

Вакви добрички како што сме си и арно ни правиш.

Што е следно?


Текстот е личен став на Авторот
Tags: закон за бездетностЈане ЃорѓиоскиМицкоски
Next Post
Фотомонтажа: Коалиција Маргини

Коалиција Маргини: Репродукција или казна - Како власта ни ја дисциплинира иднината

Shortcut

Најново

Филипче: Арамиски концепт на владеење на Мицкоски – лаги, тајни постапки и милионски партиски тендери

September 10, 2026

ВИ-апокалипса? Предупредувањето не е пророштво

September 10, 2026
Томислав Османли. Фото лична архива

Нов расказ на Томислав Османли објавен во реномираното грчко книжевно списание „Трака“

September 10, 2026

Мицкоски тврди дека концертите чинеле нула денари, СДСМ обвинува дека се платени со народни пари преку Државна лотарија

September 10, 2026
Фото: Влада

„Талогот“ на Мицкоски за 8 Септември: СДСМ гледа фашистичка реторика на Ванчо Михајлов, ВМРО-ДПМНЕ дијагностицира „фројдовски синдром“

September 9, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Глигоров и Филипче од Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лајкови: Груевски со повеќе од седум пати повеќе реакции од Мицкоски за честитката за независност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Андонов со провокативни „викенд прашања“ до Мисајловски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Државно организиран секс – кој ќе ја плати сметката?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Смртоносни руски напади во Краматорск и Запорижја

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk