ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home АНАЛИЗИ

Мицкоски ја саботира европската иднина – Македонија сама се блокира

July 15, 2025 12:34
in ZOOM IN, АНАЛИЗИ, ДЕНЕС, ЕВРОПСКА УНИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

И покрај тоа што вината се префрла надвор, политиките и реториката на Владата предводена од Мицкоски ја оддалечуваат земјата од Европската Унија, оценуваат домашни и странски политичари

„Македонија сама си го блокира патот кон Европската Унија затоа што не сака да ги исполни критериумите за членство,“ изјави бугарскиот претседател Румен Радев, кој од Загреб порача дека Бугарија не поставува нови услови, туку бара почитување на веќе договореното.
– Сè уште чекаме Република Северна Македонија да исполни еден јасно напишан услов – вклучување на Бугарите во уставот. Тоа би ја отворило вратата за преговори,“ рече Радев, додавајќи дека „нема нови услови, бараме само да се исполни договореното“.

Слични тврдења изнесе и хрватскиот претседател Зоран Милановиќ, кој оцени дека „е дрска навреда кон земји како Црна Гора и Северна Македонија да се каже дека Украина е поблиску до членство во ЕУ“.

Извршниот директор на ЕВРОТИНК, Димитар Николовски, во изјава за „Фронтлајн“ истакна дека Владата се ставила себе си во невозможна позиција со односот кон францускиот предлог, кој го третира како национално предавство.

– Владата се стави себеси во невозможна ситуација со третирањето на францускиот предлог како национално предавство. Тоа е позиција од која е тешко да се излезе. Сега се соочуваат со тотално неразбирање од страна на европските институции и единствениот пат кој можат да го фатат е да глумат дека се конструктивни. Можеби навистина сакаат да напредуваме во евроинтеграциите, но ваквата состојба повеќе им одговара за одржување на власт , истакна Николовски.

Премиерот Христијан Мицкоски од Охрид порача дека Бугарија ѝ прави на Македонија „истото што Русија ѝ го прави на Украина“, обвинувајќи за „обид за асимилација во 21 век“.

– Целта на Бугарија не е стотици граѓани во уставот, туку многу подлабока – тоа е обид за асимилација, рече Мицкоски.

Во меѓувреме, Министерството за надворешни работи на Македонија му врачи протестна нота на бугарскиот амбасадор, откако шефот на бугарската дипломатија го нарече Мицкоски „северномакедонски премиер“.

Од опозицијата стигнуваат уште посериозни предупредувања. Лидерот на СДСМ, Венко Филипче обвини дека „власта ја саботира европската агенда“.

– Македонскиот јазик е безбеден, идентитетот е безбеден. Но македонската интеграција во Унијата е сè подалечна поради политиките и изборите на власта, изјави Филипче.

Тој додаде дека „во една година изгубивме доверба кај стратешките партнери, а Мицкоски нема на кого да покаже со прст – ветуваше гордост, а донесе понижување“.

Според него, ВМРО-ДПМНЕ ја наследила најповолната позиција – гарантиран јазик, јасен европски пат и поддршка.

– Но ветуваа подобар договор, нова рамка, пријатели во Европа – ништо од тоа не се оствари. Жално е нивото на несвесност за последиците од овие политики. Секоја наредна одлука ја оддалечува Македонија од Унијата, подвлече тој.

Дестан Јонузи

Tags: БриселВладаопозицијаСкопјеСофија
Next Post

Шпанецот Карерас четврто засилување на Реал

Shortcut

Најново

Од македонската авангарда до африканската духовност: Три музички светови на третата вечер на Скопскиот џез-фестивал

October 17, 2026

Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

October 17, 2026
Италија, 16 октомври 2026

Студентски протести во Албанија и Италија – кои се барањата на демонстрантите?

October 17, 2026

Европската интеграција во маѓепсан круг: Реториката на Мицкоски и цената на изгубеното време

October 17, 2026

НЕ СЕ ПРОПУШТА: Значајни изданија на ЦИВИЛ и Frontline Press со неверојатен попуст во книжарницата „Или-Или“

October 16, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ива Михаилова (скриншот од видео на Инстаграм)

    АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА: Случајот „Ива Михаилова“ меѓу судските забрани, човековите права и политичките пресметки

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Се снајде на туѓа сметка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Живите лежечки полицајци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Референдумите ја поделија Словенија: Јанша загуби во клучното гласање, но доби поддршка за построги мерки

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Анализа на НОВА: Банките доминираат на Берзата – што значи тоа за економијата?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk