ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Зеленски и европките лидери по најавата на средбата помеѓу Трамп и Путин: Границите не можат да се менуваат со сила, не може да се одлучува без Украина

August 10, 2025 11:03
in ZOOM IN, АНАЛИЗИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, ДЕНЕС, СВЕТ

Претседателот на Украина Володимир Зеленски и европките лидери по најавата на средбата помеѓу Трамп и Путин за војната во Украина порачаа дека границите не можат да се менуваат со сила и дека не може да се одлучува без Кијив.

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски се обрати по повод најавата на американскиот претседател Доналд Трамп за средба на 15 август со рускиот претседател Владимир Путин на Алјаска. Како што најави Трамп, во разговорите ќе бидат вклучена и територијална поделба на Украина.

Во продолжени, Цивил Медиа го пренесе одговрот на Зеленски, обраќајќи се првенствено до Украиниците:

Одговорот на украинското територијално прашање веќе се наоѓа во Уставот на Украина, од тоа никој нема да се повлече и нема да може да се повлече

„Претседателот Трамп објави за подготовка на својата средба со Путин на Алјаска. Многу далеку од оваа војна, која трае на нашата земја, против нашиот народ и која, сепак, не може да се заврши без нас, без Украина. Путин не веруваше во нашиот народ и затоа го донесе тоа свое безнадежно решение да се обиде да ја земе Украина.

Тоа беше неговата главна грешка – да не смета на Украинците. Јас верувам во нашиот народ. Украинците се силни. Украинците го бранат своето. Многумина во светот за време на војната застанаа на страната на Украина.

Дури и оние што се со Русија знаат дека таа прави зло. Се разбира, нема да ѝ дадеме на Русија награди за стореното. Украинскиот народ заслужува мир.

Но сите партнери мора да разберат што значи достоинствен мир. Оваа војна треба да се заврши, а Русија треба да ја заврши. Русија ја започна и ја одолговлекува, без да слуша никакви рокови, и токму тоа е проблемот, а не нешто друго. Одговорот на украинското територијално прашање веќе се наоѓа во Уставот на Украина.

Од тоа никој нема да се повлече и нема да може да се повлече. Украинците нема да ја подаруваат својата земја на окупаторот. Украина е подготвена за реални одлуки кои можат да донесат мир. Секоја одлука која е против нас, секоја одлука која е без Украина – тоа истовремено се одлуки против мирот. Тие ништо нема да дадат.

Тоа се мртви одлуки. Тие никогаш нема да функционираат. А на сите нам ни е потребен реален, жив мир, кој луѓето ќе го почитуваат. Ние сме подготвени заедно со Претседателот Трамп, заедно со сите наши партнери, да работиме за реален и, пред сè, траен мир – мир кој нема да се распадне поради желбата на Москва. Им благодарам на сите наши луѓе за тоа што сме заедно. Украина постои. Им благодарам на сите наши војници за тоа што ја зачувавме независноста. Стојте цврсто. Ова е наша земја, ние – тоа е Украина“, истакна Зеленски.

Во изминатите неколку дена, Зеленски имаше серија разговори со сојузниците на Кијив по посетата на пратеникот на претседателот Доналд Трамп, Стив Виткоф, на Москва и најавата за средба на 15 август меѓу Трамп и рускиот претседател Владимир Путин.

Европски лидери: Границите не можат да се менуваат со сила, не може да се одлучува без Киев

Лидерите на Велика Британија, Франција, Германија, Италија, Полска, Финска, како и претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен во заедничко соопштение во врска со решавањето на украинската криза, нагласија дека остануваат посветени на принципот дека меѓународно признатите граници не можат да се менуваат со сила и дека сегашната линија на раздвојување треба да претставува почетна точка за преговори.

Лидерите рекоа дека „патот кон мирот“ во Украина не може да се одреди без учество на Киев и дека преговорите можат да се водат исклучиво во услови на прекин на огнот или намалување на непријателствата.

„Убедени сме дека само сеопфатен пристап кој ги обединува активната дипломатија, континуираната поддршка за Украина и притисокот врз Руската Федерација за прекин на војната може да донесе резултати“, се наведува во заедничкото соопштение.

Макрон повтори дека иднината на Украина не може да се одлучи без Украинците

Иднината на Украина не може да се одлучи без Украинците, повтори вчера францускиот претседател Емануел Макрон, кој разговараше со украинскиот претседател Володимир Зеленски во пресрет на средбата меѓу претседателите на САД и Русија, Доналд Трамп и Владимир Путин во Алјаска на 15 август, чија цел е да се стави крај на војната во Украина.

„Би било потребно и Европејците да бидат дел од решението, бидејќи станува збор за нивната безбедност“, напиша Макрон на мрежата Икс.

I have just spoken again with President Zelensky, as well as with Chancellor Merz and Prime Minister Starmer.

We remain determined to support Ukraine, working in a spirit of unity and building on the work undertaken within the framework of the Coalition…

— Emmanuel Macron (@EmmanuelMacron) August 9, 2025

Макрон рече дека разговарал и со германскиот канцелар Фридрих Мерц и британскиот премиер Кир Стармер.

Стармер и Макрон ветија дека ќе работат за праведен и траен мир во Украина

Британскиот премиер Кир Стармер и францускиот претседател Емануел Макрон синоќа ветија дека ќе работат на наоѓање „праведен и траен мир“ во Украина, додека американскиот претседател Доналд Трамп се подготвува за разговори со рускиот лидер Владимир Путин за прекин на војната.

„Двајцата лидери разговараа за најновите случувања во Украина. Тие ја повторија својата непоколеблива поддршка за претседателот Зеленски и за наоѓање праведен и траен мир за украинскиот народ“, изјави портпарол на Даунинг стрит по разговорите меѓу Стармер и Макрон.

Тој рече дека Стармер и Макрон ги поздравиле напорите на претседателот Трамп да ги запре убиствата во Украина и „да ја прекине агресивната војна на Русија“.

„Ен-Би-Си“: Белата куќа размислува да го повика Зеленски на Алјаска

Белата куќа размислува да го повика украинскиот претседател Володимир Зеленски на Алјаска, каде американскиот претседател Доналд Трамп треба да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин на 15 август, објави Ен-Би-Си.

Повикувајќи се на изјава од висок американски функционер и три лица кои се информирани за внатрешните дискусии, американската телевизија наведува дека „за тоа се дискутира“.

Во извештајот се додава дека посетата на Зеленски не е финализирана и дека не е јасно дали украинскиот лидер на крајот ќе биде на Алјаска за состаноците, но дека тоа останува како можност.

„Волстрит џурнал“: Украина и ЕУ предлагаат договор за прекин на огнот со Русија

Европската Унија и Украина предлагаат договор за прекин на огнот со Русија, кој треба да послужи како основа за претстојните разговори меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот лидер Владимир Путин, објави „Волстрит џурнал“, повикувајќи се на европски претставници.

Повикувајќи се на неименувани извори запознаени со процесот на преговори, „Волстрит џурнал“ објави дека ЕУ вчера за време на состанокот со високи американски претставници во Велика Британија го отфрлила предлогот за размена на делови од регионот Донецк, кој е под контрола на Украина, како услов за прекин на огнот.

Целта на Европа е да соработува со Украина за да повлече црвена линија за која европските претставници велат дека треба да се применува во сите преговори со Русија.

Американскиот претседател Доналд Трамп ќе се сретне со рускиот претседател Владимир Путин на 15 август во Алјаска за да преговара за прекин на војната во Украина.

Трамп објави за тоа на социјалните мрежи откако рече дека завојуваните страни се блиску до договор за прекин на огнот што би можел да ја заврши три и полгодишната војна, но може да бара од Кијив да отстапи значителна територија.

Во разговор со новинарите во Белата куќа, Трамп посочи дека договорот веројатно ќе вклучува размена на територии.

„Ќе има некои размени на територии за доброто на двете земји“, рече тој.

Средбата ја потврди и официјална Москва.

Поврзано: 

Путин и Трамп ќе се сретнат во Алјаска на 15 август за да преговараат за крај на војната во Украина

 

Tags: европски лидериЗеленскиПутинТрампУкраина
Next Post
The White House

Ен-Би-Си: Белата куќа размислува да го повика Зеленски на Алјаска

НАЈНОВО

Фото: Фронтлајн

„Safe Water Sports“ советуваат како да се заштитиме од давење во водена средина

August 10, 2025
Фото: Генералштаб на Армијата

Армијата и Министерството за одбрана им оддадe почит на загинатите припадници кај Љуботенски бачила

August 10, 2025

ЦУК: Од вкупно осум пожари на отворен простор, активни се четири

August 10, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Окупација во 45 слики

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Инцидент за време на протестот во Кочани: Возило им го пресекло патот на родителите на загинатите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Скандал во Демир Хисар – Адвокатот Стеваноски: Еве како се менува доректорка на средно училиште пред распишување на избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Внатрешна контрола на МВР го проверува постапувањето на полициските службеници за скандалот во Демир Хисар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Локални избори – шанса за поправен испит за нашата зрелост како нација и држава

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk