ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

(ВИДЕО) Десетици повредени и 37 приведени во протестите синоќа низ Србија

August 15, 2025 08:54
in ДЕНЕС, РЕГИОН
Судир на полицијата со демонстрантите во Белград. Фото: Скриншот, Н1

Судир на полицијата со демонстрантите во Белград. Фото: Скриншот, Н1

Share on FacebookShare on Twitter

Во повеќе од 30 градови во Србија синоќа се одржаа протести под слоганот „Вечерва пукате по шевовите“, организирани од студентите во блокада, а во кои учествуваа и голем број граѓани.

Пратеникот од Партијата за слобода и правда, Пеѓа Митровиќ кој синоќа беше претепан со палки во Белград, изјави дека бил нападнат од седум или осум маскирани хулигани без очигледна причина. Тој изјави дека, иако им кажал дека е пратеник, тие брутално го претепале по главата и телото.
Тој оцени дека тоа е последица на „политиката на сегашниот режим што се распаѓа со насилство“.

На протестите се повредени 42 полицајци, од кои 26 во Белград, седум во Ваљево, девет во Панчево, додека 37 луѓе се приведени. Тоа го изјави српскиот министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ околу полноќ откако полицијата воспостави јавен ред и мир во Белград и во дел од другите градови низ државата каде имаше антивладини протести втор ден по ред.
„Вечерва имаше масовно и сериозно нарушување на јавниот ред и мир низ цела Србија од страна на блокадерите. Бидејќи немаше поддржувачи во простории на СНС, полицијата беше брутално нападната вечерва, а полицијата го одржува јавниот ред и мир“, рече Дачиќ.

Тој додаде дека некои полицајци се тешко повредени и дека меѓу приведените е и 23-годишен хрватски државјанин кој ја нападнал жандармеријата.

„Толку за фактот дека протестите немаат никаква врска со надворешен фактор“, рече Дачиќ.

Според него, полицијата користела хемиски средства за да се одбрани, како и за да ги брани интересите на државата, а не за да брани која било страна.

Антивладините демонстранти синоќа ги демолираа просториите на владејачката Српска напредна странка (СНС) во Нови Сад и се судрија со полицијата и поддржувачи на СНС во главниот град Белград и во неколку друго градови низ Србија. Протестите синоќа се одржаа еден ден по  немирите во кои беа повредени десетици лица.
Во Нови Сад, полицијата и поддржувачите на СНС лојални на претседателот Александар Вучиќ беа отсутни додека десетици антивладини демонстранти ги демолираа просториите на СНС.

Полицијата и жандармеријата потоа употребија солзавец за да ги растераат демонстрантите. Немирите во Нови Сад, Панчево…

Во Белград, стотици демонстранти и поддржувачи на СНС фрлаа пиротехнички средства едни кон други во неколку делови од градот. Жандармеријата се нафрли врз антивладините демонстранти и употреби солзавец.

Српскиот претседател Александар  Вучиќ во синоќешна изјава за белградски медиуми рече дека ќе следува поефикасен систем и поефикасна борба „против бандити и насилници и верувам дека ќе успееме. Пред нас се големи реформи во полицијата и обвинителството“.

„Државата се уште има многу работа, ќе има уште многу апсења. Сакам да им се извинам на сите оние луѓе кои ми велат дека е време за вонредна состојба, дека е време да се укинат ТВ Н1 и Нова С, дека е време да се изнесе војската на улица…Сакам да знаат дека ќе го одмерам секој потег со моите сојузници, но дека нема да ја доведам Србија во позиција каде што државата би била дупка на нечиј тепих. Владеењето на правото ќе мора да функционира“, нагласи тој.

Српскиот патријарх Порфириј апелираше синоќа да се запрат сите судири и да се отфрлат зборовите и постапките што предизвикуваат болка и рани кај другите, нагласувајќи дека ништо не е поразорно од омразата, поделбите и насилството меѓу браќата и дека ништо не е поскапоцено од мирот и братската љубов.

Минатата недела седум известувачи на ОН потпишаа извештај во кој од властите во Србија се бара да ја прекинат репресијата врз студентите, професорите, граѓанското општество и граѓаните, да ги почитуваат човековите права и правото на собирање.

„Мислам дека сите сме многу загрижени бидејќи информациите што ги добивавме од различни извори во последните неколку месеци, па дури и претходно, навистина укажуваат на многу систематски обид за замолчување на критичките гласови и демонтирање на независноста на академските институции“, изјави Фарида Шахид за ТВ Н1.

Таа додаде дека се започнало со студентско движење кое бара одговорност за трагичната смрт на 16 лица лани во несреќата откако се урна бетонска настрешница на железничката станица во Нови Сад. Но, според неа, движењето сега се проширило и јасно резонира со многу граѓани кои се придружиле на протестите и сите заедно бараат поголема одговорност, транспарентност.

„Загрижени сме што наместо да одговара на прашања за транспарентност и одговорност, владата реагира на начин што претставува загрижувачки модел на репресија“, рече таа.

„Нашата длабока загриженост е што веруваме дека Србија може да биде на работ да се лизне во произволен систем кој им го негира правото на глас на граѓаните – а особено на студентите, наставниците и академската заедница – и свесно ги задушува несогласувањата и критиките.“

Tags: протестиСрбија
Next Post
Генерирано со ВИ

Самитот на Алјаска мора да доведе до прекин на огнот, вели германскиот канцелар Мерц

Најново

Николоски: Заради блокадата на малкумина прилепски буџувани, државата губи до стотина милиони евра

April 25, 2026

Филипче: Никола Груевски избега ама јас ви кажувам дека овие сега нема да избегаат

April 25, 2026

Санчез за заканите од Пентагон: Шпанија останува во НАТО, подршка од Италија и Германија

April 25, 2026
Анаис. Илустрација Фронтлајн

Викенд хороскоп со Анаис: Експанзија на срцето под сјајот на Лавот (25-26 април 2026)

April 24, 2026

Нападите од Трамп и Русија ја обединија Италија зад Џорџа Мелони

April 24, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk