ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Избори со старите болести: Технички пропусти, слаб надзор и сомнежи за притисоци

October 21, 2025 12:33
in ZOOM IN, АНАЛИЗИ, ДЕНЕС, ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА
Фотомонтажа: Фронтлајн

Фотомонтажа: Фронтлајн

Share on FacebookShare on Twitter

Изборниот ден на 19 октомври помина без поголеми инциденти, но извештаите на ЦИВИЛ и ОБСЕ/ОДИХР укажуваат на системски слабости, нерешени технички проблеми и нерегуларности кои бараат итни реформи.

Локалните избори одржани на 19 октомври 2025 година во Северна Македонија поминаа мирно и без сериозни инциденти, но соочени со старите предизвици на изборниот систем – од технички дефекти до организиран транспорт на гласачи и сомнежи за притисоци.

Според податоците на Државната изборна комисија (ДИК), излезноса на локалните избори е 46,63 проценти, односно на изборите излегле да гласаат  854.620 граѓани. Во 43 општини во државата гласањето е завршено во првиот круг за избор за градоначалници, во 33 ќе има втор круг, а во четири општини ќе се повтори првиот круг поради недоволен цензус. Повторување на првиот круг на избори поради недоволен цензус ќе има во Гостивар, во Маврово и Ростуше, Врапчиште и во Центар Жупа.

Министерството за внатрешни работи (МВР) соопшти дека изборниот ден минал без поголеми нарушувања на јавниот ред и мир, иако биле регистрирани околу дваесет пријави за прекршување на изборниот молк, најмногу во Скопје и Куманово.

– Неколку лица се приведени поради сомнеж за купување гласови во Прилеп, потврдија од Министерството.

Од ЦИВИЛ – центар за слободи кој на овие избори има 60 набљудувачи, велат дека гласањето почнало навреме и мирно, но со повеќе технички задоцнувања и проблеми со биометриските уреди во неколку општини – меѓу кои Кичево, Тетово, Прилеп, Чаир и Центар.

– Имавме ситуации каде гласачите не можеа да се идентификуваат поради неисправни апарати, а во некои места беа потребни и повеќе од два часа за целосно воспоставување на системот, велат од организацијата.

Цивил забележа и повторени прекршувања на изборниот молк, со активна пропаганда на социјалните мрежи и теренски активности на партиски активисти, како и организиран транспорт на гласачи во повеќе општини.

– Имавме пријави и за притисоци кон вработени во јавната администрација, како и случаи каде граѓани биле убедувани да гласаат за одредени кандидати, се наведува во нивниот извештај.

Организацијата дополнително регистрирала седум случаи на починати лица кои сè уште фигурираат во Избирачкиот список – проблем што, според нив, „ја подрива довербата во институционалната ажурност“.

И мисијата на ОБСЕ/ОДИХР оцени дека изборите биле конкурентни, но силно поларизирани, со кампања што се фокусирала повеќе на национални и етнички теми, отколку на локални политики.

– Денот на гласањето беше добро организиран, но законските празнини и ограничениот пристап до медиумите за независните кандидати остануваат загрижувачки, изјави шефот на мисијата на ОДИХР, Матео Мекачи.

Според извештајот, нерамномерната распределба на средствата за политичко рекламирање и користењето на јавни ресурси за партиски цели создаваат „нееднакво поле за натпревар“.

Координаторката на делегацијата од Кoнгресот на Советот на Европа, Гобнит Ни Вимнехан, оцени дека изборниот ден бил „генерално добро организиран“, но забележала „слаба застапеност на жени кандидати, проблеми со пристап за лица со попреченост и технички прекини кај биометриските уреди.

– Во повеќе места се забележаа тешкотии кај гласачите околу тоа во која кутија да ја спуштат соодветната гласачка ливчиња. Потребно е подобро визуелно обележување во иднина, изјави таа.

И делегацијата на Европскиот парламент, предводена од Марта Темидо, оцени дека изборите биле „мирни и конкурентни“.

– Ги охрабруваме новоизбраните локални власти да продолжат со реформите и борбата против корупцијата, која претставува закана за интегритетот на демократските институции, изјави Темидо.

Комбинираните податоци од институциите и мониторинг организациите покажуваат двојна слика: од една страна, изборен ден кој помина во мирна и организирана атмосфера, а од друга – технички пропусти и слаб институционален надзор кои и натаму ја разнишуваат довербата на граѓаните.

Проблемите со биометриската идентификација, ограничената пристапност на гласачките места, сомнежите за купување гласови и нечистиот избирачки список повторно го отвораат прашањето за темелна реформа на изборниот процес.

Иако ДИК оцени дека процесот се спроведе „без значителни проблеми“, аналитичарите предупредуваат дека старите навики и институционални пропусти се враќаат на секои избори.

– Интегритетот на изборите не се мери само со денот на гласањето, туку со целокупниот контекст – транспарентноста, рамноправноста и довербата во институциите, стои во оценката на ЦИВИЛ.

Во првиот круг избрани се градоначалници во 43 општини, а во останатите, како и во Град Скопје градоначалник ќе се бира во втор круг, на втори ноември.

Во пресрет на вториот круг на 2 ноември, очите на јавноста повторно ќе бидат вперени во ДИК и МВР, со очекување дека најавените технички подобрувања и строги контроли конечно ќе дадат резултат.

Дестан Јонузи

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: Локални избори 2025ОБСЕ/ОДИХРЦИВИЛ
Next Post
Фото: Филхармонија

Полурецитали на виолинистот Леонардо Димоски и пијанистот Шкељзен Бафтиари

НАЈНОВО

Фото: Влада

Во Лондон средба Николоски-Брајан: Стабилни економски и политички односи и високо ниво на трговска соработка меѓу Македонија и Велика Британија

October 21, 2025
China Media Group

Кина го тестира најбрзиот воз: „ЦР-450“ достигна 453 километри на час

October 21, 2025

Македонски туристи во Кина принудени да го тргнат македонското државно знаме

October 21, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Скриншот

    Бучковски: Потфрлувањето кај ВМРО-ДПМНЕ е евидентно, опозициските партии да соработуваат во вториот круг

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Локални избори 2025: ВМРО-ДПМНЕ доминантен во 53 општини, СДСМ во 8, ВРЕДИ во 9

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 21 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Разобличување на „буразерската“ финансиска коалиција: Алта банка и „посвоената“ Стопанска банка – Битола во обид да го избегнат европскиот финансиски радар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Албанскиот политички блок по локалните избори: Победи, предизвици и нова реалност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk