ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ON THE HOUR

9: Проверувајте од каде купувате онлајн, физичкото дистанцирање не значи и социјална изолација, Забрчанец: Нема дополнителна одлука за финансирање верски заедници, СЗО: да не се избрзува со ублажување на мерките

Настаните во 9,00.

April 11, 2020 08:06
in ON THE HOUR, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

ДЕЗИНФОРМАЦИЈА е дека се дале пари од Владата на верски организации. Одлуката е редовна, донесена уште во февруари и е дел од редовното финансирање на тие образовни институции“, истакна националниот координатор за стратегиски комуникации Марјан Забрчанец и уште еднаш нагласи дека нема дополнителна одлука за финансирање верски заедниците.

ДОКОЛКУ се најдете во улога на купувач преку телефони, компјутер, таблети, пред да започнете со процесот на е-купување, Агенцијата за пошти (АП) препорачува задолжително да се направи проверка на онлајн продавницата од која сакате да пазарите.

Во КУМАНОВО, птици, кучиња, по некој полицаец, неколку службени возила што се движат по празните улици…. Куманово, втор викенд со целосна забрана за движење, која од 10 април се воведе во целата држава.

ЗАПОЧНА информативната емисија на Владата „КОВИД – 19: Прашања и одговори: Како психолошки да го победиме корона вирусот“ во која гостуваа експерти од Универзитетската клиника за психијатрија.

ДРЖАВАТА е во фаза кога воведените мерки се најстроги, денеска е прв ден од викендот со целодневен полициски час. Од вчера од 16 часот жителите на нашата држава ќе останат во своите домови до понеделник до 5 часот наутро, каде ќе поминат 61 час во обид да се намали ширењето на корона вирусот, кој до денеска одзеде 32 животи и заболе 711 лица.

ФИЗИЧКОТО дистанцирање не треба да го попречи социјалното дружење, а квалитетното време во оваа ситуација да го искористиме за меѓусебна поддршка и охрабрување, порачаа стручните лица кои учествуваа на информативната видеосесија што ја организираше Владата

ПРВ дел од интервјуто на Бојан Маричиќ, Национален координатор за интеграции во ЕУ, правен експерт, за состојбата во државата и подготвеноста на македонското општество за усвојување и практикување на европските вредности.

ИНСТИТУТОТ за јавно здравство на Косово (ИШПК) информира дека во текот на вчерашниот ден се потврдени нови 23 случаи на заразени од корона вирус, со што официјалната бројка на носители на Ковид-19 во земјата достигна до 250

ПРЕДВРЕМЕНОТО укинување на мерките за ограничување за движењето, воведени за спречување на ширењето на корона вирусот, може да предизвика „фатално враќање“ на пандемијата, предупреди директорот на Светската здравствена организација, Тедрос Аданом Гебрејсус.

На ФОТОГРАФИИ сликани во четвртокот со дрон, се гледаат работници како копаат гробови на островот Харт, во Њујорк. Околу 40 погребни сандаци биле закопани само во вторникот, а нови дупки се ископани во последните неколку дена.

ВРЕМЕТО ќе биде сончево со мала, а попладне со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 7, а максималната од 18 до 25 степени.

Next Post

Жбогар: Aко економијата остане парализирана предолго, по кризата ќе има големи последици

Најново

Филипче за унгарскиот кредит: Кој ги зел провизиите е клучното прашање?

May 6, 2026
Анаис. Мо5тив, Прилеп

Дневен хороскоп со Анаис за 6 мај 2026: Ден за стабилизација и цврсти одлуки

May 6, 2026

Месечен хороскоп со Анаис за мај 2026 – Трансформации и нови почетоци

May 6, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски/Фронтлајн

Кривични пријави за родителите на малолетничките кои претепаа 13-годишно девојче во Ѓорче Петров

May 5, 2026

Бочварски: За две години власта нема ниту еден нов проект, се фали со проектите на СДСМ

May 5, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk