ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ХИБРИДНИ ЗАКАНИ

Како авторитарната оска Москва–Белград ја претвора верата во геополитичка стратегија

Вертикализацијата на власта и религиските наративи како механизми на хибридна дестабилизација

December 23, 2025 11:06
in ZOOM IN, АНАЛИЗИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, ДЕНЕС, РЕГИОН, ХИБРИДНИ ЗАКАНИ
Илустрација Фронтлајн, генерирана со ВИ

Илустрација Фронтлајн, генерирана со ВИ

Share on FacebookShare on Twitter

Автократските режими ретко креираат нови методи. Тие ги рециклираат старите, проверени модели и ги прилагодуваат на нови околности. Еден од тие модели е вертикализацијата на власта – екстремна централизација на моќта, каде одлуките се спуштаат од врвот надолу, без контрола и без отчетност.

Како што се наведува во анализата на д-р Гуракуч Кучи – виш истражувач во Институтот за студии за хибридни војни и професор на Меѓународниот колеџ Универзум (UIC), Русија и Србија се „класични примери“ на овој модел, каде централизацијата оди рака под рака со политичка митологија и наративи за „цивилизациска мисија“.

„Вертикализацијата на власта ги демонтира институционалните рамнотежи и обезбедува еднонасочен пренос на авторитет“, анализира Кучи, повикувајќи се на концептот што Левицки и Веј го дефинираат како суштина на современиот авторитаризам.

Србија се централизира, регионот се дестабилизира

Во Србија, овој процес веќе влезе во завршна фаза. Безбедносниот сектор – армијата, полицијата и разузнавањето – сè повеќе се концентрира под директна контрола на претседателот. Само за БИА се планирани 89 милиони евра за 2026 година, делумно скриени под „доверливи програми“.

Овој модел не е непознат. Тој е директен ехо од времето на Милошевиќ – период што му претходеше на војните во Хрватска, Босна и Косово. Историјата покажува дека вертикалната власт никогаш не се движи сама, туку секогаш е придружена со наратив што треба да ја оправда.

„Заштитата на христијанството“ – морална маска за политичка агресија

Токму тука настапува религијата. Москва се претставува како „заштитничка на православието и традиционалните вредности“, како последен бедем против „дегенерираниот Запад“. Оваа идеја е радикализирана од Александар Дугин, кој Русија ја дефинира како „katehon“ – сила што го спречува злото.

„Војната во Украина не се прикажува како геополитички конфликт, туку како света битка против либералниот свет“, што денес е дел од официјалната линија на Кремљ.

Србија – фасада за руската доктрина

На Балканот, Русија и Србија играат поделени улоги. Русија е идеологот, Србија е излогот. Србија се позиционира како „заштитник на христијанството и Европа“, улога што е далеку поприфатлива за западната публика.

„Србија ја создава фасадата, додека Русија го снабдува идеолошкиот мозок“, анализира Кучи, објаснувајќи ја симбиозата што ѝ овозможува на Москва да делува индиректно, но ефикасно.

Овој наратив служи и за нормализација на злосторствата. Воените криминалци се претставуваат како „бранители на Европа“, а злосторствата како нужни цивилизациски жртви.

Од Белград до Скопје: кога црквата станува канал

Оваа стратегија не застанува на српско државно ниво. Таа се пренесува и во црковната сфера во Северна Македонија. По признавањето на автокефалноста на МПЦ–ОА, „се забележува јасно црковно и комуникациско приближување кон Москва, со што се отвора простор за продор на руската црковна пропаганда“, се наведува во анализата на Вистиномер.

Наместо дистанца од руската агресија врз Украина, дел од црковниот врв презема реторика идентична со онаа на Кремљ.

„Користењето на терминот ‘прогон’ за односот на украинската држава кон УПЦ директно кореспондира со реториката на Кремљ и руското Министерство за надворешни работи“, се наведува во анализата на Вистиномер.

Порталот Liturgija.mk се појавува како клучен медиумски канал за ова влијание. „Медиумското покривање на порталот е непропорционално насочено кон наративи што ги прикажуваат окупираните украински територии како дел од Русија“, се наведува во анализата на Вистиномер.

Дополнително, „преземањето и директното преведување содржини од медиуми блиски до Руската православна црква, без критичка проверка, ја забрзува изградбата на јавно мислење наклонето кон руското оправдување на војната“, се посочува во анализата.

Се користи техника на наративно поплавување – постојано повторување на приказни за „прогон на православието“, со силен емоционален набој и селективно премолчување на фактите.

„Ваквиот пристап создава искривена слика за состојбите во Украина и остава впечаток за системска забрана на православието“, се наведува во анализата на Вистиномер.

И покрај религиозната терминологија, суштината на оваа политика нема ништо заедничко со верата.

„Станува збор за злоупотреба на религијата за поделба и доминација“, се оценува во анализата.

Вертикалната власт овозможува брзо дејствување без отчетност, религиската пропаганда ги мобилизира масите, а медиумската дезинформација го подготвува теренот. Резултатот е нормализација на кризата, каде тензијата станува стандард, а нестабилноста – алатка.

Дестан Јонузи

Tags: авторитаризмотБеоградМоскварелигијахибридна религиска војна
Next Post
Instagram / Banksy

Нов мурал на Banksy се појави во Лондон

Shortcut

Најново

Преполна сала и огромни пофалби за премиерата на „Скејтбордингот не е за девојчиња“ на фестивалот „Трибека“ во Њујорк

June 5, 2026

(ВИДЕО) Архангел ја враќа суровата магија – „Дни оловни“ – песна со возвишен рок сензибилитет

June 5, 2026

Мицкоски од Самитот во Тиват: Градиме пријателства и отвораме врати со Макрон и Мерц за европската иднина

June 5, 2026

СДСМ: Пораките од Кошта и извештајот на Вајц ги разобличија лагите на Мицкоски за ЕУ и реформите

June 5, 2026
Фото: Министерство за правда

Министерство за правда: Усвоените патокази се препознаени како клучен напредок на патот кон ЕУ

June 5, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Охрид „СОС“

     „Охрид СОС“  бара итна привремена заштита на куќа од 1927 година во Охрид

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кошта ја кажа вистината што власта се обидува да ја сокрие

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Месечен хороскоп со Анаис за јуни 2026: Ментална експанзија и емотивна консолидација

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп на Анаис за 30 и 31 мај 2026: Кулминација на Сината Месечина и големата транзиција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски ја има третата власт на speed dial

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk