ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home КУЛТУРА

Медитеранска авангарда на ОФФест 2026: Иновативниот Раул Рефри и волшебниот глас на Марија Мазота доаѓаат во Скопје

May 26, 2026 09:16
in ZOOM IN, ДЕНЕС, КУЛТУРА
Раул и Марија. Фото: ОФФест

Раул и Марија. Фото: ОФФест

Share on FacebookShare on Twitter

Јубилејното 25. издание на музичкиот фестивал ОФФест, кое од 3 до 6 јуни ќе го претвори Скопје во епицентар на светските музички звуци, ја најавува својата трета фестивалска вечер како патување низ длабоките традиции на Медитеранот преточени во современ израз. На 5 јуни, во Националната опера и балет со почеток во 20:00 часот, на сцената ќе стапне фасцинантниот спој на шпанскиот уметник Раул Рефри и италијанската вокална икона Марија Мазота.

Шпанскиот виртуоз Раул Рефри (гитара, вокал, органа) важи за еден од најиновативните продуценти и музичари во Европа во последната деценија, препознатлив по својата уникатна способност за надминување на традиционалните жанровски граници. Неговото огромно познавање на музичките традиции го постави во центарот на некои од најзначајните современи соработки на светската сцена. Рефри е човекот кој стои зад критички признатите и револуционерни албуми на уметници со силна индивидуалност, меѓу кои светската ѕвезда Розалија, Силвија Перез Круз, Лина, Росио Маркез, Нињо де Елче и Родриго Куевас.

Од друга страна, Марија Мазота (вокал, дајре) е еден од најмоќните и најважните гласови на музичката сцена во италијанскиот регион Апулија. Нејзиниот длабок, емотивен и бескомпромисен начин на интерпретација е редок уметнички дар кој ја позиционира меѓу најблескавите пејачки на глобалната „world music“ сцена денес.

Нивниот заеднички проект се развивал постепено и природно, поттикнат од поканите на неколку значајни европски фестивали, ослободен од какви било комерцијални притисоци. Оваа синергија вроди со плод во нивниот извонреден албум „San Paolo di Galatina“. Во ова издание, Рефри и Мазота на суптилен и моќен начин го реинтерпретираат апулијскиот фолклор, претставувајќи ја Италија од почетокот на 20 век преку религиозни мантри, тешки работнички и нежни приспивни песни. Нивната изведба има јасна цел – да ја пробие темнината и општествената задушеност од минатото, за да достигне физичка слобода и чувство на заедништво, толку потребни во нашето време.

Редакција Фронтлајн

Tags: апулијски фолклорМарија МазотаНационална опера и балетОФФест 2026Раул РефриРозалија продуцентСкопје концерти
Next Post

Почнува продажбата на билети за јубилејниот МТФ „Војдан Чернодрински“: „Театар Комедија“ го откажа учеството

Shortcut

Најново

Винарија Душа во Волково ги отвори вратите за посетители и вински дегустации

November 28, 2026

Човечки мозочни клетки одгледани во лабораторија: Нова надеж за истражување на мозокот

November 28, 2026
Африм Гаши

Африм Гаши повикан на одговорност за блокираните законски измени за заштита на жените

November 27, 2026
Марш пртиво фемицидот во Скопје

Марш против фемицидот во Скопје: Шест барања до институциите со рок до 10 декември

November 26, 2026

16 дена активизам против насилството врз жените: ОН предупредуваат на 70 проценти повеќе пријави во Северна Македонија

November 25, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Мила Кунис (Wikipedia)

    Од бегалка со 250 долари в џеб до хуманитарка што собра над 37 милиони долари за Украина: Неверојатната приказна на Мила Кунис

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Неказнивоста не е пропуст, туку систем

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сите сакаат да владеат со светот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Новиот филм „Ѕвездени патеки“ на Парамаунт: Мрачен пресврт и целосно нови ликови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уставниот „рекорд“ на Сиљановска-Давкова падна на проверката на фактите – ЦИВИЛ МЕДИА укажува на политичка манипулација со бројките

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk