НАЈДОЦНА до петок, пред завршување на вонредната состојба в сабота, ќе бидат донесени сите уредби од третиот пакет антикризни мерки. Нивното изготвување е при крај, соопшти денеска министерот за економија, Крешник Бектеши.
ДКСК бара да се спроведе Законот за дивоградби на крајбрежјето на Охридското езеро.
СО 2/3 мнозинство донесена е одлука за разрешување на Сулејмен Реџепи од функцијата Реис Ул Улема, пренесе ТВ21.
СПАСОВСКИ: Со завршувањето на вонредната состојба продолжуваат сите изборни дејствија.
ЦАРОВСКА: Засилено продолжуваат градежните активности во ТИРЗ Скопје 2 кои не запреа и покрај кризата.
СО барање на дел од обвинетите за изземање од расправата на судиите Јани Нича, Енвер Беџети и Тања Дуковска, во Апелациониот суд денеска се одржува јавна расправа по жалбите за пресудите за случувањата на 27 април.
ДИМИТРОВ: Потребни се солидарност и соработка за надминување на последиците од пандемијата.
МИНИСТЕРОТ за економија Крешник Бектеши на прес конференција информираше дека Владата на Северна Македонија на последната седница донесе одлука за еднострано раскинување на пет договори за концесии за неметалични минерални суровини во околината на Лабуништа.
НУРЕДИНИ: Нашата мисија е да предложиме и спроведеме мерки што водат до ниска емисија на јаглерод.
КОСТАДИНОВ: Мицкоски се однесува незрело и профитерски, изборите се решение, а не проблем.
ДЕНЕС 17 оздравени и 25 нови заболени од коронавирус кај нас.
ВО општина Прилеп денеска има еден нов случај на заболен од коронавирус, а Центарот за јавно здравје не регистрирал новооздравени од оваа заразна болест.
ЗАТВОРАЊЕТО на границите не придонесува многу во спречувањето на ширењето на епидемијата на новиот коронавирус, соопшти денеска Европскиот центар за превенција и контрола на болести (ЕЦДЦ).
ВЛАДИТЕ ширум светот досега издвоија 123 милијарди американски долари за да им помогнат на авиокомпаниите погодени од пандемијата на коронавирус, соопшти Меѓународно здружение за воздушен превоз (ИАТА).
НЕВРЕМЕ во Грција – една жена загина, над 1.600 молњи, снег на планините.
ЕВРОПСКАТА комисија денеска предложи формирање фонд од 750 милијарди евра за да и помогне на економијата да се опорави од последиците на пандемијата на новиот коранвирус.
И.Е.