ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Николовски јавно сведочеше за лидерската, време е Мицкоски да понуди точни одговори!

Валканата пропаганда продолжува, а Мицкоски непрестано ги хушка партиските ботови и медиумски мегафони да шират невистини и клевети и против оние што изнесуваат факти за неговите различни лица и опачини.

October 24, 2019 07:18
in ДЕНЕС, АКЦЕНТИ, ПОЛИТИКА, СОЦИЈАЛНИ МРЕЖИ
Љупчо Николовски

Љупчо Николовски

Share on FacebookShare on Twitter

Љупчо Николовски, генералниот секретар на СДСМ, беше на лидерската средба што се одржа кај претседателот Стево Пендаровски, на која учествуваа лидерите на сите политички партии што самостојно освоиле места во парламентот. Тој јавно, на социјалните мрежи, посведочи за неколку важни поенти од лидерската средба. По ова сведочење, време е лидерот на ВМРО-ДПМНЕ да излезе пред јавноста и да почне да дава одговори, бидејќи се намножија неодговорени прашања.

Мицкоски се однесува крајно неодговорно и незрело, што ѝ штети на неговата партија, како и на целата земја. Тој, веднаш по лидерската почна да му издава наредби на партискиот прес центар да демантира написи што се засноваат на факти, како текстовите посветени на лидерската средба што во неделата вечерта ги објави FRONTLINE.MK. Неговите пофални зборови за премиерот Заев не ги одрече во ниедна прилика, но затоа, како ништо да не се случило, продолжи со навреди и ширење омраза.

Валканата пропаганда продолжува, а Мицкоски непрестано ги хушка партиските ботови и медиумски мегафони да шират невистини и клевети и против оние што изнесуваат факти за неговите различни лица и опачини.

Како што е познато, однесувањето на Мицкоски е сосема спротивно на тоа што се знае за лидерската средба. Еве што напиша Николовски на својот Фејсбук профил:

Како сведок на лидерската средба а заради бегањето на опозицијата од избори во декември да се потсетиме на фактите а не лажните вести од истата:

1. Мицковски не кажа ниту еден збор за тоа дека Заев или Владата се виновни за недобивањето на одлуката за преговори,

2. Мицковски ја поздрави големината на Заев за одговорната пракса што ја воведува да ги повика граѓаните да се изјаснат за идниниот пат на земјата.

3. Заев прв предложи конкретен датум и тоа за брзи избори на 22 или 29 декември со техничка Влада.

4. Мицковски по подолго молчење и неизјаснување почна да инсистира на 100 дена техничка Влада без конкретен предлог.

5. Мицковски ниту еднаш не спомена конкретни датуми за избори во јануари ниту пак во февруари.

6. Мицковски како конкретен предлог го даде 22 или 29 март а после тоа и 5 април. Секој нов предлог беше што подоцна што значи повторно одлагање.

7. Предлогот за избори во Април не беше предлог на Заев и СДСМ туку на останатите. Заев предложи избори во Декември.

8. На Зоран Заев во тек на целата средба му беа важни државните интереси и затоа вршеше консултации со министрите во Владата за да може да се ратификува навремено протоколот за #NATOи секако да се вратат стотиците милиони евра долгови наследени од Груевски.

Николовски, во својата објава, потсети и на неколку важни поенти од стратегијата, политикитие и практиките на неговата партија која ја предводи владината коалиција:

СДСМ ќе добие уште еден мандат од граѓаните и ќе продолжи да ја води државата на вистинскиот пат на демократски и европски вредности, патот на развој и просперитет, бидејќи тоа е патот што води напред.

За пола мандат, од изолирана земја, раскарана со своите соседи станавме светол пример во регионот за многу прашања. Ќе станеме членка на НАТО што е најсилна гаранција за стабилност и безбедност.

За да се одржат овие придобивки треба државата да има демократско раководство. Затоа бараме чист мандат за граѓаните да се изјаснат дали се за обнова на криминалот, режимот, неправдите или се за тоа да ја градиме Европа тука.

Во вториот мандат ќе ја градиме Европа тука. Ќе ги дозајакнеме реформите, ќе ја доразвиеме економијата, ќе изградиме Европска држава, без разлика на внатрешните одлуки на ЕУ.

Ќе продолжиме заедно уште посилно за повисоки плати, нови работни места, поголема социјална помош, изградба на ново патишта и градинки, поголема поддршка за домашните фирми, повеќе мерки против загадувањето и враќање на повеќе пари директно кај граѓаните.

#WeAreNATO #НаПравПат

 

https://www.facebook.com/ljupcho.nikolovski.03/posts/973046399728384

 


Христијан Мицкоски изразил признание за храброста и одговорноста на Зоран Заев

Татин математичар (2 дел)

Татин математичар (прв дел)

 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Сончево и топло со температура до 29 степени

НАЈНОВО

Интервјуирањето на кандидати за судија во Стразбур ќе се спроведе пред независни набљудувачи

October 18, 2025
Фото: МИА

За уривање на спомен-куќата на Владо Малески, ОЈО Струга оформи предмет

October 18, 2025
Приказната за телескопите

Приказната за телескопите: Поглед кон вселената – од Галилео до Џејм Веб и Роман

October 18, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Сомалиски пирати во Македонскиот залив!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Некој нормален да објасни на што се должи самоувереноста на Орце и Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Позната причината за смртта на Дајан Китон

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ружин: Доколку не ги направиме уставните измени немаме никаква можност да мрднеме кон ЕУ, Фон дер Лајен е јасна

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во Битола 8 кандидати за градоначалник и 16 листи за Совет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk