ЕДНАКВА родова застапеност на пратеничките листи на СДСМ и коалицијата МOЖЕМЕ.
ПЕНДАРОВСКИ: Кампањата да биде безбедна, а изборите фер, слободни и демократски.
ОД пресот на премиерот Спасовски:
- Отворањето на границите не е политичка одлука, се темели на мислењето од Комисијата за заразни болести.
- Изборите да бидат фер и демократски, да покажеме дека сме европска демократија.
ЈО формира привремена Комисија за следење на евентуални изборни нерегуларности.
КРАТКИОТ средношколски игран филм „Вистината за Бади“ денеска ќе има онлајн премиера, со почеток во 18 часот.
ФРОНТ: И по короната – корона!, колумна на Сашо Орданоски.
АНГЕЛОВСКА: Проширена листата на продавници во кои ќе се плаќа со Домашната платежна картичка
РЕГУЛАТОРНАТА комисија за енергетика и водни донесе одлука малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (Ел-1) да изнесува 51,5 денари за литар
ОБЕЗБЕДЕНИ се 31 единица конвалесцентна плазма за третман на 31 пациент со Ковид-19. Од нив, 16 се преку постапка плазмафереза и 15 единици преку стандардно дарување на крв, информираа од Институтот за трансфузиона медицина.
ЗА повеќе од три пати е зголемен водостојот на Вардар на мерното место кај Јегуновце, а зголемување во однос на вчера има и на останатите три мерни места на реката
ИНЕРКОМ: Владината одлука за кабелските оператори е добра појдовна отстапка.
ЗА евентуалните позитивни случаи на Ковид-19 за кои не е потребно болничко лекување, во хотелите и туристичките објекти во Грција потребно е да постојат соби- карантин, согласно новата министерска одлука
ГЕРМАНСКИОТ министер за здравство Јенс Шпан истакна денеска дека ризикот од коронавирусот не поминува, откако вчера беа воведени итни мерки во државата Северна Рајна-Вестфалија во два града каде епидемијата повторно избувна.
СТОЛТЕНБЕРГ: Светот има потреба од поголемо германско лидерство.
ВО силниот земјотрес кој вчера го погоди Мексико загинаа најмалку шест лица, соопштија утрово мексиканските власти.
ВИДАЛ за натпреварите без гледачи: Тешко е да се мотивирате без публика.
Ј. Ѓ.