ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ON THE HOUR

Попладневен преглед: МОН и БРО – не се укинува предметот историја, ЕУ ги утврди заклучоците за проширување и ги прифати барањата на Бугарија во однос на “погрешното толкување на историјата“…

December 16, 2020 18:06
in ON THE HOUR, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Биро за развој на образованието: Учениците ќе учат историја, но на начин прилагоден за нивната возраст. Оттаму информираат дека промените кои се планираат во однос на наставните предмети, ќе започнат од идната година и ќе се воведат во прво и во шесто одделение.

МОН: Не се укинува ниту историја, ниту една научна дисциплина, ќе се изучуваат поврзано. Целта на овие реформи е на ученикот да му даде целосна слика за одреден настан или тема, а ова се постигнува преку интердисциплинарен и интегриран пристап. На овој начин учениците подобро ќе ги разберат и запомнат темите кои ги изучуваат и притоа ќе ги развијат своите аналитички способности.

(ИНТЕГРАЛНО) Годинешно обраќање на претседателот Стево Пендаровски: Најголемите политички партии имаат потполно идентичен став по однос на нашиот идентитет. Пендароски зборуваше за пандемијата со Ковид-19, блокадата на патот кон ЕУ и членството во НАТО. Тој се осврна и на претстојниот најавен попис, реформите во правосудството и во образованието.

Потврдени заклучоците за проширувањето со промените што ги бараше Софија. Заклучоците за проширувањето на ЕУ беа замрзнати поради блокадата на Бугарија за преговарачката рамка со Северна Македонија, како еден вид притисок врз Софија, но конечно денеска прифатени се барањата на Бугарија во однос на “погрешното толкување на историјата“ и употребата на долгата форма на името на Северна Македонија.

Дополнетиот предлог-буџет за 2021 пред пратеници – Парите алоцирани таму каде ќе дадат најдобри резултат, смета Бесими. Вкупните приходи во периодот јануари-ноември годинава се реализирани во износ од 170,2 милијарди денари што е 86,7 проценти од проектираните, додека реализацијата на вкупните расходи изнесува 85, 3 проценти или тие се реализирани во износ од 210,3 милијарди денари.

Регистрирани 865 нови случаи на Ковид 19, починати се 25 пациенти, најмладиот на 40 години. Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 75.597, бројката на оздравени пациенти е 51.493, на починати е 2.194, а бројот на активни случаи изнесува 21.910.

Филипче: Да не се излегува надвор и во овој период без некоја голема потреба. Не постои можност, посочи министерот, да се влезе во домот, загарантиран е интегритетот и тоа е согласно Уставот и тоа ни беше укажано кога го носевме новиот Закон за заштита на населението од заразни болести.

 МЗ со демант до ВМРО-ДПМНЕ за набавката на вакцините, следи тужба пред граѓанскиот суд во Скопје. Објава на тендерската документација, која ВМРО ДПМНЕ се обидува да ја поврзе со Министерството, е неточна, односно истата не е спроведена од наша страна, туку од Центар за јавно здравје Скопје, кои набавуваат вакцини за комерцијални цели.
Забрчанец на ТВ 24: Одбиените тужби на новинарките и спората правда се причини плус за прочистување на правосудството. Владата со целиот капацитет ќе застане во одбрана на интегритетот на новинарите, вели Забрчанец.

Забрчанец: За да спроведеме вакцинација неопходна e кампањa за подигање на јавната свест, Владата нема намера да се рекламира себеси. Тој објасни дека станува збор за потребата од кампањи за подигање на јавната свест кај населението, на пример за процесот на имунизација против коронавирусот.

Иџет Мемети стана член на Советот на јавни обвинители, по 16 годишна работа како Народен правобранител. Со 61 глас „за“, без ниту еден „против“ или „воздржан“, пратениците денеска го изгласаа за нов член на Советот на јавни обвинители.

Уставниот суд пoвторно го укина мораториумот во Центар. Градоначалникот на општина Центар, Саша Богдановиќ, вели дека Општина Центар даде навремен и соодветен одговор со кој ја оспори истата како неоснована.

Груби: Именувањето директори е со конкурс и исполнување критериум.

И.Т.З.

Next Post

(ВИДЕО) Том Круз вика на сет : "Ако ве видам како го правите повторно, ќе ве снема ...“

Shortcut

Најново

„Ниту една повеќе!“ – Протести против насилството врз жените, обвиненија и барања за институционална одговорност

November 21, 2026

Сите сакаат да владеат со светот

November 21, 2026
Фотографија: Unsplash

Младите бараат образование наместо оружје: Протести против планот на ЕУ за 800 милијарди евра за одбрана

November 20, 2026
Јана Коцевска

Јана Коцевска: Родовото насилство е нормализирано, институциите не обезбедуваат вистинска заштита

November 19, 2026

Тутунари, не дозволувајте грешките при пакувањето и чувањето да ви го намалат откупот

November 19, 2026

НАЈЧИТАНО

  • ЛЕЛЕ, МАМО, КРИЗА Е!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уставниот „рекорд“ на Сиљановска-Давкова падна на проверката на фактите – ЦИВИЛ МЕДИА укажува на политичка манипулација со бројките

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Вест стара 59 години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мислете му ја!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спасовски: Изборот е направен, насоката е потврдена, продолжуваме по правиот пат во европска иднина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk