„Worldоmeters” го демантира ВМРО-ДПМНЕ: Северна Македонија лидер во регионот по направени тестови Наводите на ВМРО-ДПМНЕ чии функционери на неколку наврати обвинуваа дека не се прават доволно тестови за корона вирусот во земјава се демантираат и од официјалните податоци на Worldоmeters.
Овој сервис кој редовно за целиот свет ажурира потадоци за заразени, тестирани, лечени и починати лица, калкулира и компаративни податоци кои ја отсликуват најпрецизно ситуацијата во секоја земја.
Според овие податоци, Северна Македонија е лидер во регионот по направени тестови за корона вирус на еден милион жители со вкупно 2.163 тестови на еден милион луѓе до утринските часови на 4 април.
Зад нас се редат дури седум други соседи и држави од регионот: Официјални податоци на Worldоmeters:
Северна Македонија 2.163
Грција 2.153
Хрватска 2.034
Црна Гора 1.889
БиХ 1.431
Албанија781
Србија 659
Бугарија 81