–Пред сè мора да се знае дека дезинформациите и лажните вести во најголем дел се смислено генерирани од одредени политички, криминални и бизнис центри. Во Северна Македонија имаме ситуација во која во текот на денот има најмалку една покрупна, нова лажна вест. Секој ден по еден нов, поголем случај на вирусот – лажни вести, изјави за Утрински Брифинг, Џабир Дерала, прeтесдател на Граѓанската организација ЦИВИЛ.
5Г И МРТВИТЕ ВРАПЧИЊА
-Во текот на март месец, со помош на експерт кој соработува со „Цивил“, издвоив „само“ 15 покрупни лажни вести и дезинформации кои го потресуваа медиумското небо. Посебно треба да ја издвоиме лажната вест за поморот на врапчињата поради 5Г технологијата. Во оваа дезинформација се забележува дека оние што ја генерираат овие лажни вести немаат никаков проблем да лажат и за изворите и за тоа од каде доаѓаат видео и фото материјалите. Има една група медиуми, која ќе влезе во регистарот, пушта некоја информација и другите за да „ќарат“ кликови едноставно масовно ги преземаат. Така што врапчињата во Македонија изумреа на 26 март за да утврдиме дека всушност фотографиите биле од други земји итн…
Околу прашањето за тоа кои извори стојат зад лажните вести и дали има организирани тимови за произведување на вакви дезинформации Дерала вели дека таквите „будалетинки“ ние не ги ни гледаме и колку и да се многу тие не се нешто „посебно“.
КРЕМЉ, БУДИМПЕШТА, ТУРЦИЈА…
-Ги следиме оние медиуми кои и онака и самите генерираат лажни вести, ако ги преземаат и контекстуализираат во нивната битка. А инаку постојат организирани центри – едниот е во Кремљ, другиот во Будимпешта. Има и некои други центри, еден од нив доаѓа од Турција итн…
-Ние ги следиме и тие што ги дистрибуираат и тие што ги лајкуваат и споделуваат на своите приватни профили. Гледаме да ја направиме мрежата, малтене имаме детективска задача. Се обидуваме да проникнеме и во мотивите. Не е секогаш лесно да се види дали некој наивно поверувал во нешто па ја шири таа вест. Има секакви категории на луѓе кои јги шират овие „вести“.
-Исто така имате и болна ситуација во која постојано гледате ккао вестите кои доаѓаат од светот се контекстуализираа во сосема поинаква слика и веднаш се алудира на домашните состојби, вели Дерала.
Индустријата на лажни вести, дезинформации и говор на омраза се негува и инвестира многу добро и богато во „Белата палата“ Џабир Дерала – Цивил
-Неколку секунди на човек му треба за да провери дека се лажни вестите тоа што го кажуваат лидерот и портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ. Но тука мора да се знае дека лажните вести имаат и потпалувачки карактер. Тие имаат и дејство врз публиката која на ваквите вести реагираат со говор на омраза кои лесно можат да преминат во дела сторени од говор на омраза. Значи имаме ситуација каде што лажните вести експресно се шират, тие се еден контаминатор во јавноста побрз и од КОВИД-19. Мора да се внимава – лажните вести и дезинформациите можат навистина да чинат животи.
-Дезинформациите можат да придонесат во рушење на довербата во здравствениот систем, а со тоа на непочитување на мерките, изложување на ризик и заболување и умирање. Очигледна е индустријата на лажни вести, дезинформации и говор на омраза која се негува и инвестира многу добро и богато во „Белата палата“, изјави Дерала во Утрински брифинг, во разговорот со Сашо Орданоски.