МИНИСТЕРОТ за здравство, Венко Филиче ги соопшти најновите измени на состојбата со Ковид-19 кај нас. Денес има 22 нови случаи на позитивни на корона вирус. Денес Институтот за јавно здравје регистрира 16 оздравени пациенти.
НОВА лидерска средба под покровителство на претседателот Стево Пендаровски, на која треба да се разговара за терминот за одржување на предвремени парламентарните избори, е закажана за в понеделник во 12 часот.
ЛИДЕРОТ на СДСМ, Зоран Заев на Фејсбук сподели информации околу досегашиот интерес за бескаматните линии за помош на претпријатија погодени од корона кризата и го најави третиот пакет кој ќе понуди поддршка за домаќинствата и поттикнување на потрошувачките капацитети.
ПРЕТСЕДАТЕЛОТ на Владата, Оливер Спасовски, министерот за транспорт и врски Горан Сугарески и директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Зоран Китанов извршија увид во градежните активности при посетата на експресниот пат во изградба Штип – Радовиш кој е речиси во завршна фаза.
Во ОПШТИНА Прилеп денеска се евидентирани 4 нови случаи на Ковид-19, а од заразната болест оздравеле две лица, се вели во соопштението од општина Прилеп.
ДИРЕКТОРОТ на Агенција за млади и спорт, Дарко Каевски, заедно со градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски, направи увид во градежните активности за изградба на затворениот пливачки базен и кошаркарското игралиште 3 х 3 во Општина Штип.
ВАКЦИНИРАЊЕТО против корона вирусот нема да биде задолжително во Германија, изјави шефот на канцеларијата на германската канцеларка Ангела Меркел, Хелгер Браун.
А. Н. Стојчевски