ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home TECH FRONT

Иновативна мобилна апликација на ЕБОР за промовирање зелени технологии

Бизнисите и сопствениците на домаќинствата ќе можат да ги користат мобилните телефони за да пребаруваат над 18.000 технологии кои ја подобруваат енергетската ефикасност, обезбедуваат обновливи извори на енергија, го намалуваат користењето на вода и спречуваат ерозија на почвата.

July 29, 2020 19:33
in TECH FRONT, ДЕНЕС, ЗЕЛЕНА
Share on FacebookShare on Twitter

Побрзо финансирање за климатските промени во време на корона вирусот и потоа, е целта на апликацијата за мобилни телефони Tech Selector што ја лансира Европската банка за обнова и развој (ЕБОР).

Од апликацијата, достапна на повеќе од 10 јазици, корист ќе имаат, како што соопшти ЕБОР, бизниси, домаќинства, производители и продавачи.

Според Банката, бизнисите и сопствениците на домаќинствата ќе можат да ги користат мобилните телефони за да пребаруваат над 18.000 технологии кои ја подобруваат енергетската ефикасност, обезбедуваат обновливи извори на енергија, го намалуваат користењето на вода и спречуваат ерозија на почвата.

-Пандемијата на корона вирусот го забрзува префрлувањето кон онлајн трговијата. Ова е можност за унапредување на еколошката состојба во економиите на земјите. Нашата нова апликација го подобрува пристапот до информации во економиите каде мобилниот интернет е честопати понапреден од широко-појасните услуги. Tech Selector ги носи зелените технологии на еден клик до бизнисите и домаќинствата, со што ќе се овозможи намалување на сметките за комуналии, зголемување на продуктивноста и конкурентноста и подобрување на удобноста на домовите или деловните простории, вели Ксенија Брокман, помошник директор за енергетска ефикасност и климатски промени, ЕБОР.

Aпликацијата ќе го смени начинот на кој Банката ги испорачува финансирањата наменети за намалување на климатските промени за да ги задоволи потребите на клиентите кои сè повеќе ги користат мобилните средства за трговија и покрај пандемијата на корона вирусот.

Tech Selector ќе ја забрза реализацијата на финансирање проекти за поддршка на климатските промени преку Програмата за финансирање на зелени економии, другите финансиски инструменти на ЕБОР, меѓународните донатори и партнери ЕУ, Зелениот климатски фонд и Климатскиот инвестициски фонд.

Иновативната апликација базира на Селекторот на зелени технологии, првата алатка за е-трговија лансирана во 2018 година од страна на ЕБОР. Оваа онлајн платформа во шопинг стил, овозможува корисниците да имаат пристап до глобалните ресурси на зелени технологии, и е достапна во регионите каде ЕБОР има активности, но и вон нив.

Поставени се повеќе од 70 производи на платформата и апликацијата, а рангот на селектирањето варира од енергетски ефикасни топлински пумпи и соларни панели кои произведуваат обновлива енергија, па сè до иригациони системи за ефикасно искористување на водата и машини за сеење кои овозможуваат одржливо менаџирање на земјата.

Апликацијата и Селектророт на зелени технологии креираат пазар кој ги прави зелените технологии полесно достапни, истовремено промовирајќи ја меѓу-граничната трговија на економиите во регионите каде ЕБОР има активности. Производителите од цел свет може да ги достават своите производи во Селекторот на зелени технологии, а локалните продавачи може да ги регистрираат производите и локациите од каде што работата. Доколку доставената понуда ги задоволува барањата, ЕБОР овозможува истата да биде достапна до клиентите, да ја пребаруваат, и на апликацијата и на платформата.

Бизнисите и сопствениците на домаќинствата можат да пронајдат продавачи и производители, и за неколку минути да ја лоцираат најблиската понуда. Веднаш потоа, може да ги достават плановите за купување до финансиските партнери на ЕБОР – локалните банки, лизинг компаниите и институциите за микро-финансирање. Ова ќе го забрза времето на процесирање на барањата на клиентите и ќе направи полесно пристапување до финансирањето преку ЕБОР. Доколку клиентот реши да инвестира во зелена технологија која не е достапна во неговата земја, ќе може да ја увезе преку Програмата за олеснување на трговијата за зелени економии.

ЕБОР ја разви апликацијата Tech Selector и платформата под Програмата за финансирање на зелени економии со поддршка од донаторското финансирње на Министерството за финансии на Австрија./МИА/

Next Post

Филипче: Ситуацијата со Ковид-19 е стабилна и под контрола

Shortcut

Најново

Number 10 Downing Street is the headquarters and London residence of the Prime Minister of the United Kingdom.

10 години по Брегзит: Изгубените години за младите и бавното враќање кон Европа

June 24, 2026

„BorderBite“ во Стар Дојран: Локални производи и култура ќе ги поврзат граѓаните од двете страни на границата

June 24, 2026

СДСМ бара „ДКСК да го истражи скандалот со Јанушев и поврзаноста со бугарска фирма“

June 24, 2026

Со поддршка од НАТО, ЦУК започнува модернизација на системот за управување со кризи

June 24, 2026

Официјално започна со работа „РЕФОРМ5“ на Димитар Ковачевски: Поддршката за младите започнува во заедницата

June 23, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Идентитетот како алиби за блокада

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија: Владата да го спречи негативното влијание на „српскиот свет“ и да ја врати земјата на европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче до граѓаните: Не наседнувајте на истиот трик на Мицкоски од 2024 година

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски од Струмица: Опозицијата мисли дека е родена за власт, а ние сме тука да работиме за народот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Официјално започна со работа „РЕФОРМ5“ на Димитар Ковачевски: Поддршката за младите започнува во заедницата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk