СИЛЈАН Мицевски за „Талир“: Лично сум однел и на рака сум му дал 10.000 евра на Груевски, платив 70.000 евра и за К.К МЗТ.
КРЖАЛОВСКИ за РСЕ: Доста е чудно и бесмислено што ВМРО-ДПМНЕ прават протести одма после изборите, граѓаните го кажаа своето
БИТИЌИ – Дуџак: Агенциите на ОН со силна поддршка за обезбедување побрз и одржлив економски развој.
ДИМИТРОВ – Галовеј: Лондон останува посветен на поддршка на реформска агенда на земјава.
СРЕДБА Заев – Која: Вториот мандат е одлична можност Владата да продолжи со имплементацијата на заедничките приоритети, членството во НАТО и ЕУ
Од РЕГИСТРИРАНИТЕ 790 новозаболени од Ковид-19 минатата недела, најголем број – 174 (22 отсто) се на возраст од 30 до 39 години, а 172 (21,8 отсто) се на возраст од над 60 години.
Во ГРАДИНКА во Свети Николе не беа згрижени 110 деца, поради вработена со симптоми на Ковид-19.
ШЕСНАЕСЕТГОДИШНА кавадарчанка е позитивна на Ковид-19. Ова е најновиот регистриран случај на коронавирус во Центарот за јавно здравје во Кавадарци, во изминатите 24 часа.
СТАРАТЕЛИ можат да отворат сметка во друга банка за немоќни лица кои претходно имале во „Еуростандард банка“
КОПАЧ: Верувам дека независната РКЕ со своите познавања донела правилна одлука за цената на струјата.
СПАСОВСКИ: Полицијата заштитник и партнер на сите граѓани.
АКТИВИСТИ од Западен Балкан и Турција на заедничка дискусија за родова еднаквост.
ПРЕТСЕДАТЕЛКАТА на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен, побарала од потпретседателот на институцијата задолжен за миграција, Маргаритис Схинас, веднаш да отпатува во Грција поради пожарот во бегалскиот камп Мориа.
Од ПОНЕДЕЛНИК во Англија ќе бидат забранети собири на повеќе од шест лица поради наглото зголемување на бројот на заразени со коронавирусот.
Од ЦЕНТАРОТ за јавно здравје информираат дека денеска во општина Прилеп има еден нов случај на коронавирус, а две лица оздравеле од заразната болест.
ПРОФЕСОРОТ од Тетово осомничен за силување на осумгодишно девојче, вчера околу 16 часот си го одзел животот во затворот во КПУ Скопје.
Ј. Ѓ.