Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализрани 19 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 374 лица сомнителни и потврдени за КОВИД -19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.
Анализата на ИДУЕП покажува раст во онлајн комуникацијата со граѓаните и кај Владата. Сите членови на кабинетот, односно 20 министри биле активни на Фејсбук во 2020 година.
Тажна е сликата денеска, по пожарот кој ноќеска пред полноќ, избувна во трговскиот центар „Глобал“. Изгорени се повеќе трговски објекти и внатрешниот дел во којшто се наоѓаат продавници и тезги. Пожарот е изгаснат, но сеуште под контрола на пожарникарите за да не се појават нови жаришта. За среќа жртви и повредени нема, но причинета е голема материјална штета.
СДСМ како одговорна партија целосно е посветена на спроведување активности за спротивставување на дезинформации, лажни вести со што ќе се спречат штетите коишто му ги нанесуваат на нашето општество.
Директорот на Клиничка болница-Штип, Ален Ѓеорѓијев вели дека побарале повеќе средства, но по преговорите со Фондот за здравствено осигурување се нашле на средината. Во новиот буџет предвидени се и нови вработувања, набавка на нови апарати, но и воведување на нови методи.
Од јавните настапи на Мицкоски и врвот на ВМРО-ДПМНЕ сосема е јасно дека со нив имаме сосема спротивставени ставови за одговорите на прашањата, кои, како што и самите велите, се од суштинско значење и највисок државен интерес.
Знам дека многу брзо ќе го вратиме животот овде во „Глобал“ и на сите граѓани на кои им се уништиле своите имоти, ќе им ги вратиме во првобитната состојба , солидарноста на дело ќе ја покажеме и наша македонска и наша струмичка. Нова година почна тешко за Струмица, но некогаш господ ни дава ваква можност да ја покажеме на дело нашата солидарност, да си подадеме рака.
Во новата година да кажеме ДА за институциите кои ќе покажат ред, работа и дициплина за општото добро и доброто на народот. За подобра и поуспешна татковина во која идните генерации ќе останат да учат, создаваат, живеат и ќе учествуваат во заедничкиот развој на нашата држава.“ истакна Николовски во своето обраќање.
Вчера, собрани на тротоарот за сеир додека гори Глобал, некои си правеа селфи со пожарот, додека на преносите во живо на социјалните мрежи можевме да слушаме како во позадина се смеат, си кажуваат досетки. За тоа што го прочитав во коментари додека луѓе, фамилии губат се, е во најмала рака нехумано, нечовечно.
Јас немам високо мислење за способноста на Македонецот да мисли политички. Но мислам дека оваа ниво на агресија и злобо не му се својствени. Тие се имплантирани во нашата средина со некои геополитички и идејни вакцини. Тие се елемент на специјалната војна против Македонија и против нас. Што и да значиме и ние и Македонците.
Градоначалникот на Штип новата година ја започна со една од најсложените интервенции на кардиолошкото одделение во Штип.