Претреси во објекти на бегалецот од правдата Никола Груевски во Скопје и на поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиевски во Прилеп, се вршени утрово. Од јавното обвинителство потврдуваат дека имало претреси во објекти во Прилеп и Скопје.
Таткото на Антонио Милошоски, на мафијашки начин го презел техничкиот преглед за автомобили во Кичево, велат оштетените и ја повикуваат Рускоска да реагира. Во писмото на вработените се наведува дека таткото на Антонио Милошоски, Милош, покрај што на мафијашки начин го презел техничкиот преглед за автомобили во Кичево, ги избркал сите вработени.
Ако сакаат ВМРО-ДПМНЕ, Алијанса и Левица да блокираат и да не доаѓаат на работа нека ги вратат платите за овој месец, рече Костадин Костадинов, портпарол на СДСМ и пратеник, на денешната прес- конференција. Костадинов нагласи дека за опозицијата во Собранието не е важно здравјето на нивните колеги, не им е важно здравјето на граѓаните.
Според министерот за правда Маричиќ, проблемот со Бугарија може да се реши само преку заемно почитување и со европско однесување. Тој верува дека почетокот на преговорите со ЕУ ќе донесе само позитивни промени.
Вицепремиерот и министер за надворешни работи Екатерина Захариева го повикала заменик-шефот на амбасадата на Република Северна Македонија во Софија Владимир Крастевски на разговор. Изразила збунетост и разочарување од „големата негативна кампања против Васил Гарванлиев“.
Просечната исплатена нето плата во јануари изнесувала 28.272 денари што е за 2,7 проценти повисока од истиот месец лани, објави денеска Државниот завод за статистика.
Според евроамбасадорот Дејвид Гир, ефикасниот и транспарентен систем за јавни финансии е предуслов за економскиот раст на секоја држава. Со таков систем се намалуваат ризиците од измама и корупција и се враќа довербата на јавноста дека јавните пари се трошат во интерес на граѓаните.
М. Миткоска






