ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

Ќе се вратат штркоите…

(Чаирска беседа)

April 2, 2021 07:57
in ZOOM IN, ДЕНЕС, МОЗАИК, ФРОНТ
Борче Боки Трајковски

Борче Боки Трајковски

Share on FacebookShare on Twitter

пишува: БОРЧЕ БОКИ ТРАЈКОВСКИ

Чудна сорта од народ сме ние Македонците, Боки. Слушај што ќе ти каже чичко Ангеле, и така да пишеш. Ја знаеш онаа старана “нит се водат нит се тераат“? Е таа, све поише има смисла у демократијава. Мада ова ни се провлекуе откако сме решиле да станеме Македонци, куј знае од кога, у задњиве 30 години апла се приметуе. И уствари, најголемите непријатели сме сами за себе баш у овој период. И да идеме по ред. На пример, нема везе тоа што ете и кај нас почнаa луѓето да се вакцинираат, мие уште сме под импресии за пречекот у Србија, за негата и грижата на тамошните докторки и доктори, за убавиот прием, за све, и наместо да останеме на тоа, мие, фалејќи ги Србите се убиваме фрлајќи камења врз нашиве.

Демек, ако можеле Србите да дојдат до вакцини, ондак сме морале и сме можеле и ние, дека овие што таму се вакцинирале се осеќале понижени од своите, засрамени и слично, а ги величаат Србиве, па ако Израелците можеле да вакцинираат цела држава за брзо време, нашиве морале бар половината да ја вакцинираат, ти текнуе? Еј, претседникот на државава излага и изјавуе дека вакцинирањето у Србија било срам за државата, ко, малтене да е претседател на некој друга држава. И не е дека не ги знае проблемите со кои цел свет се суочава околу набавките на вакцини, ама излегуе за да се одбрани со срам за државата на чие чело тој е претседател. Поголема срамота, здравје…

А цела светска медицинска наука е у невиден хаос, бе Боки, секој саат нови апели, нови соопштенија. Сабајле забрануат вакцина, на пладне ја ублажуат за одредена група на возраст, навечер демантираат све што рекле од сабајле. Те маски да се носеле, те маски да не се носеле. Вирусов уште не е решен од врвни светски научници, а мие бараме од нашиве да најдат чаре за Нобелова награда. Не идат тие работи така, ама у Македонија не може да биде другачие. Еве, сеа, и овие двајс иљади вакцини нема да можеме да ги потрошиме, пошто се наши, ме разбираш? Со истите вакцини да нѐ викнат Грците у Солун таму да нѐ вакцинираат, абе коли и атуобуси и возои ќе испокршиме за да стасаме кај нив на вакцинирање со наши вакцини. За ова мкд проклетие нема вакцина, мој Боки. Така да пишеш. И пази…

Најбољи пример им е утакмицава со Германцине. Не е толку до победата колку што е до слогата у тимот, до почитувањето еден кон друг, до амбиентот, до правата борба за државата, за репрезентацијата. Фудбалот е игра, ама фудбалот у репрезентација е сасвим нешто друго. Таа слога у тој тим у таа репрезентација покажуе како треба и државата а и сите ние у неа да се однесуеме. Го виде ли Елмас, како му се обраќа на Пандев и на Македонија после победата, а? Вика, „За бате Горан и за Македонија!“

Е тоа е оноа што мие го изгубивме, и намерно го губиме и ги тераме работите сами против себе. Кога политикава би се однесуела како овие момчиња у фудбалов, имаме шанси да станеме држава. Никако другачие. Никако со делби, на вакви и онакви, на наши и нивни. Сите сме наши у ова парче земја. И уште ова…

Тито никад не ги терал Македонците да ги мрзат Бугарите. Нит па поише да ги сакаат Србите од Словенците. Тоа се градело низ заеднички живот скоро 50 години, низ пракса, низ образовање, низ улично, школско, војничко, ударничко, а највише преку домашно васпитање. У тоа време никој у Југославија не мрзеше никого. Паролата со која живееја више од 20 милиони луѓе у една држава, со сите вери у неа и национални припадности, беше „Чувајте братство и јединство ко зеницу ока свог!“

Таа љубов ја пренесуевме и за сите други околу нас и у светот. Ај што се сакавме и се почитуевме меѓу себе, ама немаше земја у свет која не не’ почитуеше. Ние никад не сме мрзеле никого у тоа време. Тие муабети се чиста л’жга. Ние Македонците сме имале многу поише причини да го почитуеме Тито од некои други, да речеме од Словенците и Хрватите. Тито беше непријател за сите оние патриоти кои се занесуева со идеи за големи Македонии, велики Србии, Албании. На таквите Тито им напрај остров на Јадран. Кршева камења док не научат да ги сакаат луѓето, дека сите сме исти и дека сите заслужуеме да сме такви какви што се осеќаме. Тито ни призна и нација и јазик и писмо и све.

Тоа што Бугарите и ден денес не можат да го разберат, да го прифатат, да го признаат нашиот идентитет и јазик, е нивни проблем, тој никад не бил проблем на Тито или на нас Македонците. Мие и сега, и секогаш сме ги сакале Бугарите. И Грците и Србите и Албанците, сите бе. У тоа време никој не бранел да каже дека е Бугарин, Албанец, Турчин, Евреј, Муслиман, Католик, Православец, Нововерец, Атеист, било што. Тие се најголемите л’жги кои ги пласираат денес Бугариве. И не само на ова, Тито не учеше и на нешто друго за што Бугариве поим немаат. Или можда имаат, ама не им пасуе…

Абе да е жив стариот, и да ги слуша Бугариве како негираат све што е македонско, тек тогаш ќе видеа што е блокада од која само тие ќе имаа невидена штета. Мие Македонците бевме највеќи туристи потрошачи кај нив. У времето на Тито, мие им го пуневме буџетот за два пути со марки и долари.

Не е дека не знаат постарите Бугари за ова, ама, тие уште тогаш за нас викаа дека сме Србијанци. Не не’ признаваа онака како што сме се осеќале. Овие од ЕУ сеа, да го имаат оној памет на Тито, абе има да ги блокираат Бугариве и клоца да им удрат од таму. Кај се видело бе у 21 век некој да не ти признава јазик и нација? И ај тоа, ама да те клевети дека у Македонија, од Тито наваму, многу Бугари не смееле да кажуат дека се Бугари, дека тоа право и денес им е ускратено, е тоа ги поминуе сите граници на нормалност. Тоа нема благе везе со политика, со демократија, а со добрососедство, ич…

Имаше една српска серија, „Вратиќе се роде“ – у едно мирно војвоџанско село доаѓаат мангупи на функција, а други мангупи од београдски улици се населуат у една куќа у селото, и се пролева крв до колена, додека стариов секој ден иде на гроб на старата и ја убедуе дека и покрај све, он веруе дека штркоите ќе се вратат.

Еј, човек, Балканов е грдосија од извртени луѓе кои у демократијава се распослаа ко прашњав тепих, неистресен со векови и ја гуши територијава. Го памтиш ли оној у серијата, со куќа карабина, пушка двоцевка у руки, трактор и каубојски фармерки со прерамки? Ископал мангупот дупка на влез у село, кај што му е куќата, ја напунил со вода, и секој што ќе помине со кола пропаѓа и заглавуе, док, итроманов чека на готовс со јужиња и трактор, и за 20 евра ти нуди извлекуење од калта. Ем те заглавуе, ем ти наплаќа, ем те тера да му кажеш фала што те измкнал од кал. Е баш вака се понашаат Бугарите према нас…

Ама, ене ги фудбалерите, тие мочиња ни кажуат нешто друго, и запамти ми го зборов: Ќе се вратат штркоите…

 


Авторот е познат и како Боки Бургија. Текстот е личен став на Авторот. Сите права се задржани. 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Студентите од Правниот факултет во Ниш поднесоа кривична пријава против Вучиќ поради посетата на пациенти од Кочани во УКЦС

May 14, 2025

Зеленски рече дека е подготвен за каков било формат за преговори за ставање крај на војната

May 14, 2025

Таравари: Јас поднесувам оставка, другите ќе бидат разрешени

May 14, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ФОТО) Скопјанката Чарна Невзати македонска претставничка на престижниот „Мис на свет”

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ТХП: ВМРО-ДПМНЕ ги обвинуваше другите за „дуизација“ на институциите, дали сега процесот на „вленизација“ е во тек

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Познати 10 финалисти од првата полуфинална вечер на Евросонг

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Неуспехот со уставните измени ја протресе удобноста на Мицкоски!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Русија бара премногу отстапки за да се стави крај на војната во Украина, изјави Џ. Д. Венс

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk