Петтиот сет државни мерки кој треба да им помогне на економски оператори во поглед на ублажување на негативните ефекти од корона-кризата и денес останува заглавен низ лавиринтите на Собранието. Финансиската инјекција, наменета и за помош на работодавачите во насока на исплаќање на плати кон вработените доцни, со што дел од вработените се уште ги немаат добиено ниту февруарските плати.
Јавното обвинителство за гонење организиран криминал и корупција најави дека ќе ја обжали одлуката на Основниот кривичен суд Скопје за изречениот куќен притвор за поранешниот генерален секретар на Владата, Драги Рашковски осомничен во случајот за јавна набавка на софтерот за сообраќајни прекршоци.
Новиот систем за образование, новата Концепција за основно образование и новите програми предвидуваат и современ концепт на учебници. Со новиот Закон за учебници и други наставни и дидактички материјали се обезбедува можност за избор. Од прво до трето одделение учебниците се во печатена форма, за да можат учениците да развијат однос кон книга,
Секое прекројување на границите на Балканот нема да придонесе за стабилизација на регионот и секоја таква идеја нема да наиде на поддршка од Европската унија, вели претседателот Стево Пендаровски за наводниот нон-пејпер што словенечкиот премиер Јанез Јанша во февруари го испратил до Брисел и неколку други дестинации во ЕУ под наслов „Западен Балкан-патот напред“.