На денешната седница пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки, во обид од говорницата да го запали францускиот предлог, направи гаф – Не му палеше „зипото“, па се изнервира и го искина листот хартија.
На социјалните мрежи не стивнуваат саркастичните коментари до пратеникот Ковачки:
– НЕ пали зипото на пироманот во обид, дезертерот Ковачки… какви ликови пропали се ова.
– Буткај го малце…
– Ама веќе ништо не им пали.
– Требаше бугарскиот пасош да си го запале, така ќе не убедеше во нештата.
– Ништо не им функционира…
– Овој е несудениот генерал од Тработивиште“, се дел од коментарите под видео објавата.
После говорот на Ковачки, пратеникот на СДСМ Дарко Каевски, му реплицираше на Ковачки.
Вашиот партнер е Левица и ова сценарио веќе сме го виделе на 27 април, кога на ист ваков начин лажевте за кантонизација и федерализација, истакна Каевски.
Каевски го повика Ковачки да одговори која е неговата поврзаност со луѓето со качулки на протестите и дали координирал поранешни припадници на Армијата во црните и крвави сценарија.