Урсула фон дер Лајен, пред почетокот на заедничката меѓувладина конференција со Албанија и Северна Македонија, нагласи дека одма денеска, ќе започне Скринингот на законодавството на ЕУ, а тоа е првиот чекор на процесот.
„Веднаш по меѓувладината конференција денеска, Комисијата и преговарачките тимови од Албанија и Северна Македонија ќе започнат со работа. Скринингот на законодавството на ЕУ ќе започне, а тоа е првиот чекор на процесот и ќе им овозможи на Албанија и Северна Македонија да се запознаат со правата и обврските на ЕУ. Од спогодби, прeку законодавство, меѓународни договори и ќе продолжиме многу брзо со сето тоа“, рече претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.
Ј. Ѓ.