Националниот координатор за Отворен Балкан и за регионални иницијативи, Марјан Забрчанец, реагира на скандалозната изјава на претседателот на МАНУ, академик Љупчо Коцарев, кој вели: „Побрзо ќе се случи ние да исчезнеме, а дури потоа да влеземе во Европска Унија, за жал“.
Срам за Македонизмот. Срам за македонската идеја за независна држава која оди напред со европското семејство, истакнува Забрчанец.
„Не Коцарев. Нема да исчезнеме. Доволно нѐ има со јасна мисла и идеја за да опстоиме како Македонци со сите наши другари и браќа сограѓани и низ соработка со нашите соседи, со Европа, со НАТО.
Врежани сме глобално и трајно. Нема да исчезнеме. Ќе пораснеме пред Светот“, реагира Забрчанец.