Многу луѓе во изминатиов период ги критикуваа моите ставови кога искажував револт кон обидите на опозицијата да ги спречи евро-атлантските интеграции и напредокот на Македонија. И ми пишуваа во коментари дека Македонците треба да се обединат, дека треба да престанат кавги и делби итн.
Со други зборови, не треба да пишувам против опозицијата.
Арно ама, НИТУ ЕДЕН од нив сè уште не упати критика за обидите на опозицијата да организира паралелни прослави за Илинден.
Ниту еден од нив не побара од опозиционите лидери да ги повикаат своите членства да дојдат во Крушево или Прохор Пчински и ЗАЕДНО со сите граѓани да го прослават големиот македонски празник.
На ниту еден од нив сега не им текна дека „треба да се обединиме’и дека треба ‘да престанат кавги и делби“.
Она што уште повеќе ме загрижува е што ниту „неутралните“ медиуми не го кренаа гласот против најавените паралелни прослави. Напротив, со лажни вести ја разгоруваат омразата кон организаторите на илинденските прослави во Крушево и Прохор Пчински.
Истото важи и за „неутралните“ македонски организации во дијаспората… Иако половина од нив во своите имиња го имаат зборот ОБЕДИНЕТА, ниту една од нив не искажа загриженост за ПОДЕЛЕНОСТА!
п.с. Коцарев ќе говорел на т.н. „Семакедонска илинденска средба во Трново“
Што значи зборот СЕМАКЕДОНСКА???
Објава на Фејсбук од Ацо Лукароски