ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

Србија во опасност од прекин на преговорите за членство во ЕУ

September 30, 2022 10:48
in ZOOM IN, ДЕНЕС, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Вучиќ е изложен на сè посилни притисоци од ЕУ и САД поради договорат на Белград со Москва за политички консултации. Европратеникот Тонино Пицула потврди дека во Европскиот парламент се размислува за тоа оваа институција да побара прекинување на преговорите за членство на Србија во ЕУ поради неусогласеноста на Белград со надворешно политичките приоритети на ЕУ.

Загриженост за овој договор на Белград и Москва изрази и амбасадорот на САД во Белград, Кристофер Хил . По средбата со Вучиќ , Хил изјави дека никој ништо не потпишува, ниту се договара сега со Москва освен, како што рече, кутрите регрути кои ги носат на фронтот, рече Хил, ставајќи го јасно на знаење противењето на САД кон ваквиот потег на Белград.

Потпишувањето на договорот за консултации со Москва во опасност ја става и иницијативата Отворен Балкан, бидејќи во незгодна позиција ги става Македонија и Албанија, ги одвраќа од приклучување колебливите држави како Босна и Црна Гора и воедно го зголемува отпорот кон оваа иницијатива меѓу некои земји членки на ЕУ кои инсистираат иницијативата Отворен Балкан да биде вон рамките и принципите на заедничката надворешна политика на ЕУ.

На 6 октомври во Прага ќе се одржи првиот состанок на Европската политичка заедница

Фото: Ludovic MARIN / POOL / AFP

Во меѓувреме се подготвува првиот состанок а таканаречената Европска геополитичка заедница инициран од францускиот претседател Макрон. Самитот ќе се одржи на 6 октомври во Прага.

Премиерката на Обединетото Кралство Лиз Трас го потврди своето присуство на инаугуративниот состанок на таканаречената „Европска политичка заедница“ следната недела, три месеци откако изјави дека интерес за новиот формат организиран од ЕУ.

Првично предложена од францускиот претседател Емануел Макрон, иницијативата предвидува мрежа на европски демократии кои соработуваат во транспортот, трговијата, инфраструктурата и безбедноста. Идејата за „Европска политичка заедница“ беше поддржана од шефицата на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен .

На состанокот се поканети земјите од Западен Балкан, Турција, Норвешка, Исланд, Лихтенштајн, Молдавија, Грузија, Ерменија и Азербејџан. Поканети се и 27-те земји-членки на ЕУ. Молдавија се понуди да биде организатор на следниот состанок. Останува нејасно дали оваа инцијатива е алтернатива за членство во ЕУ за оние држави кои имаат такви аспирации.

Истополовите бракови и миграцијата се теми кои им даваат ветер во грб на автократите

 

Што ги мотивира гласачите да ги поддржат политичките партии со авторитарни и антидемократски тенденции? Прашањето се наметнува со оглед на растечкиот тренд за поддршка на политичките структури кои ги поткопуваат демократските институции.

Истражувањето на фондацијата Фридрих Еберт истражуваше  што ги мотивира гласачите да ги поддржат кандидатите кои прекршуваат ги демократските норми. Истражувањето е вршено на примерок од 10.001 испитаник во земји како Германија, Полска, Шведска, Шпанија, Естонија, Украина и Србија.

Мнозинството испитаници  ја разбираат демократијата и не се рамнодушни кон прекршувањата на демократски норми. Сепак испитаниците реагираат кога станува збор за таканаречените идентитетски политики. Мнозинството е спремно да подржи илиберални структури кога станува збор за правото за истополови бракови или миграциските политики. Во оваа смисла, мнозинството испитаници е подготвено да подржи авторитарни политики ако тие се во интерес на одбраната на идентитетот.

Истражувањето констатира силен тренд на поларизација, а темата за истополови бракови има најсилен потенцијал за поделби во општеството.

Подводните интернет кабли потенцијален нов тагргет на Москва

Мрежа од подводни интернет кабли низ светот

Европа стравува дека следниот таргет на Русија може да бидат подводните кабли за интернет сообраќај.

Речиси целиот интернет сообраќај во светот се пренесува преку глобална мрежа од повеќе од 400 фибероптички цевки кои, збирно, опфаќаат 1,3 милиони километри. Тие се речиси исклучиво управувани од приватни компании како Google и Microsoft, како и француската Alcatel Submarine Networks и, сè повеќе, кинеската Huawei Marine Networks.

Голем дел од овие  кабли кои ја поврзуваат ЕУ со Соединетите Држави – веројатно најважниот дигитален однос во светот – иако слични мрежи ја поврзуваат Латинска Америка со Азија, и Африка со Европа.

Дел од ранливоста се должи на локацијата на овие кабли. Тие се протегаат низ целиот свет и често се наоѓаат во екстремно длабоки води , кои се сепак  достапни за подморници или беспилотни подводни возила. Повеќето од овие цевководи се наоѓаат во меѓународни води.

Инаку шефот на германското разузнавање соопшти дека речиси и да нема дилема дека Русија стои зад инцидентот со истекување на гас во гасоводот Северен поток. ЦИА ги предупредила своите германски колеги за ваква опасност. По овој напад на Москва врз европската инфраструктура се очекуваат нови инциденти.

Борјан Јовановски / НоваТВ

Next Post

(ФОТО) Најмалку 23 лица загинаа, 28 се повредени во руски ракетен напад врз хуманитарен конвој во Запорижја

Shortcut

Најново

(ВИДЕО) Уапсен скопјанец за опожарување на две возила на амбасадата на Бугарија

June 16, 2026

СДСМ: Откриена бизнис-шема со омилени изведувачи и фирми за надзор

June 15, 2026
Фото: 360 степени

(ВИДЕО) Запалени две дипломатски возила пред бугарската амбасада во Скопје

June 15, 2026

Николоски: Започнуваме постапки за изградба на експресен пат Кочани-Виница-Делчево и експресен пат Радовиш-Струмица

June 15, 2026

Мицкоски: Исплатени 230 милиони евра за домашните компании, индустријата бележи раст од 7,5%

June 15, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Проф. Груевска: За Дејвид Гета има милиони, а за македонскиот јазик нула денари!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Екс директорката на Филхармонија, Тина Иванова, ја доби на суд екс министерката за култура

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Владанка Крстевски прогласена за најдобра актерка на фестивалот „MONO AKT“ во Приштина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Силјан“ на Тамара Котевска ја освои FIPRESCI наградата на Krakow Film Festival во Полска

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис за 9 јуни 2026: Огнен налет, лидерство и оперативна брзина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk