Активистот и графички дизајнер, Зоран Кардула, пред еден месец реагираше на социјалните мрежи дека кај Државното средно училиште Св. Наум Охридски, кое е за ученици со посебни образовни програми, нема никаква сигнализација а пешачките премини, како што нагласи, е невозможно да се преминат. Град Скопје сè уште не го решил проблемот.
„Не знам кој е надлежен но ова мора брзо да се реши. На самата улица Васил Ѓоргов има две школи – школото Киро Глигоров и школото Св Наум Охридски. Пред школото Киро Глигорв на самата улица по сите прописи има сигнализација со испис дека во близина има школо со легнати полицајци на двете ленти но за жал на наредното школо кое на околу 500 метри – Државното средно училиште Св Наум Охридски за ученици со посебни образовни програми и ете баш пред вакво школо нема никаква сигнализација а пешачките премини веќе не се ни приметуваат. Знаеме како се вози низ град и која фрекфренција на возила е на самата улица и затоа апелирам до надлежните дека ова мора под хитно да се регулира“, реагираше на први септември Зоран Кардула.
И после еден месец нема никаков одговор од Град Скопје да се реши проблемот, објави денеска Кардула.
„И по месец дена нема никаков одговор ниту реакција од Град Скопје кое е надлежно да го реши овој проблем – пред средно училиште Св Наум Охридски (училиште за ученици со посебни образовни програми) кое се наоѓа на самата улица „Васил Ѓоргов„ нема никаква сигнализација на самата улица дека има училиште. Шанса за Центар исто така поднесе иницијатива да се реши овој проблем но и на тоа нема никака реакција“, реагира Зоран Кардула.
Ако Град Скопје не е способен да реши овој проблем, тогаш мислам дека обврска е на Министерство за внатрешни работи да се вклучи зошто се работи за безбедност во сообраќајот, вели Кардула.
Ј. Ѓ.