ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

На Апасиев му ја изгребале Алфата, а вие се дрзнувате да се буните за хаосот низ улиците

November 29, 2022 13:07
in ESPRESSO, ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, ФРОНТ

Пишува: ЈАНЕ ЃОРЃИОСКИ

Скопје вчера чмаеше. Беше јадно да се гледа како градот стои.

Не знам дали забележавте, беше изненадувачки што мањкаа и нервозните свирки на возачите.

Колку и сурово да звучи, вчера граѓаните се помирија со својот избор. Или барем требаше. А изборот го направија сами, без притисоци, без контрапротести, без исклучени лифтови… И, им се случи Данела – „независната кандидатка“ поддржана од  ВМРО-ДПМНЕ, величена од шпицниот градоначалник Мицкоски.

Ви текнува како пееја „Цело Скопје вмровски град“, па зурли, тапани пред белата палата? Ја славеа вмровците победата на Данела за градоначалничка на Скопје. Беше тоа општа фешта, со купишта озарени вмровски фаци, Мицкоски во облаци. Ги запоседнаа таа вечер со нивни градоначалници безмалку сите поголеми општини во Македонија.

И знаете што? Тоа си беше сосема легитимно, народот ги гласаше на избори и победија.

Резултатите беа признати од ДИК, изборите од сите (и внатрешни и надворешни фактори) беа оценети како фер и демократски.

Данела Арсовска на локалните избори не победи со „човечињата“ од Пустец, ниту пак со гласачи од Петрич. Данела победи со гласовите од скопјани. Тие решија – Она Шилегов е едно препотентно, едно…

Ленин тој водач ли им е, претседател ли им е на приватните превозници, „крваво“ агитираше, од петни жили ги убедуваше скопјани дека „мајка“ Данела е спасот. И оној несреќник Камиказа, кандидат за градоначалник од Левица застана во вториот изборен круг и повика да се гласа за Данела. Повикаа и други.

Сите за Данела!.

За инат на Шилеов!

За чиј инат?!

Каде се сега сите тие гласноговорници што со нивниот „авторитет“ ги убедија скопјани дека Петре не им чини?

Посетете ги нивните профили на социјалните мрежи, да видите што мака тие имаа вчера кога Ленин и другарчињата го блокираа Скопје. За инает на Денела ли? Не драги мои, за инат на скопјани и за пари блокираа. Баш им е ним грижа што некоја мајка не можеше вчера да си го однесе детето во градинка, што Брза помош не можеше да се движи низ улиците, што илјадници коли стоеја на скопските улици во место со часови.

Апасиев не пиша ништо вчера на неговиот „динамичен“ фејсбук профил. Водачот на „левото крило на организацијата“ вчера беше загрижен за тоа што некој му ја гребнал колата на паркингот кај Парламентот.

Алфата му ја изгребале на човекот, еј, а вие таму се буните за сообраќајниот хаос што се деси вчера во Скопје?! А, бе, бог да чува сте?! Никакво разбирање да се немало за пратеничето.

Перо Камиказа, славел роденден, па на фб си пушти меморис човекот. Нека му е среќен роденденот!

Зелен хуман град на фб се спрдачеше со некакво техничко решение што советниците од Град Скопје го добиле на масите. Тоа ним им беше вчерашната грижа. ЗХГ, за загадувањето што вчера го испуштаа колите што работеа во место. Нешто барем да кажевте, шо знам…

Граѓаните што мислат си кажаа. Добро, сеа, помалку збинети што инфлуенсерските клукајдрвчиња што ги водат низ живото и мислите ,не гугкнаа за хаосот, ама па не можат клукајдрвците на се да реагираат, нели.

Мицкоски пак, вели Таче е крив за Данела и хаосот во Скопје.

„Одбивам да се извинам за Данела, не сме ние ништо виновни“, вели тој.

Повикува на избори Мицкоски.

Ние на што повикуваме, драги мои, на кого да се повикаме?

Која песна ќе ја пееме на следните избори?

Не знам шо треба да направи ВМРО-ДПМНЕ за да ни докаже дека тие се вирусот што ја јаде државата.

Колку тупурковци и данели е потребно да ни пласираат за да разбереме?

Неверојатно, но најверојатно уште толку.


Текстот е личен став на Авторот. Преземањето е дозволено според лиценцата Creative Commons 4.0.

Tags: АпасиевДанелаМицкоскиСкопјесообраќаен хаос
Next Post

Преспанскиот договор продолжува да дава резултати од национален интерес

НАЈНОВО

Фото: МИА

Експлозија на неидентификуван објект во близина на границата на Полска со Украина

August 20, 2025
Фото: Генерирано со ВИ

САД нема да испратат војници во Украина, но можна е воздушна поддршка, вели Трамп

August 20, 2025

САД го прошируваат списокот на производи од челик и алуминиум со високи царини, автоиндустријата реагира

August 20, 2025

НАЈЧИТАНО

  • „Кетаминската кралица“ ќе се изјасни за виновна за смртта на Метју Пери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ивановска по распитот во ОЈО: Обвинета сум дека наводно начинот на кој што сме ги отворале предметите во ДКСК и споделувањето на информациите во јавноста, било спорно за пријавителот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битиќи до Николоски: Концесијата на ВМРО-ДПМНЕ – симбол на криминал, падна на арбитража

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мирот како пораз

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова: Граѓаните се разочарани од власта, паѓа поддршката на ВМРО-ДПМНЕ, градоначалниците им ги тресат големи скандали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk