ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Придобивки од „Отворен Балкан“: Камиони полни со роба од македонско производство го освојуваат српскиот пазар

December 22, 2022 12:32
in PMD, ДЕНЕС, РЕГИОН, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Изјавата на Гувернерката на НБРМ, Анита Ангеловска Бежоска за зголемена трговската размена меѓу Србија и Македонија од дури 20 отсто како  резултат на иницијативата Отворен Балкан, само ја потврди исклучително позитивната ситуација на терен.

За амбициозното придвижувањето во оваа насока сведочат и резултатите на нашите најголеми компании, кои за „Локално“ споделија бројки во однос на нивниот зголемен извоз. Така на пример, извозот на „Пекабеско“ во Србија  во 2022 година има количински раст од 27% и тоа благодарејќи на погодностите и олеснувањата  кои беа добиени со потпишување на договорот за полесен премин на границите во рамките на Отворен Балкан.

„Се олеснија царинските процедури , а робата веќе  не чека за ветеринарни анализи кога ќе се увезе во Република Србија туку веднаш се пласира на пазарот. Тоа ја зголеми продажбата во 2022 година, па оттука  очекуваме истиот тренд да продолжи во следната година“, вели Анатол Кутревски од компанијата „Пекабеско“.

Позитивни реперкусии по извозните аранжмани по стартување на мерките на „Отворен Балкан“ регистрира и „Витаминка”, од каде што ја посочуваат потребата  од уште побрзо реализирање на чекорите за што поефикасна трговска размена

„Србија, како земја и пазар е традиционален партнер на многу македонски компании и таму “Витаминка” има долгогодишни успешни активности и пред иницијативата Отворен Балкан.Сметаме дека во рамки на оваа иницијатива треба да се посвети поголемо внимание за брзо ефикасно инфраструктурно поврзување на земјите од Отворен Балкан, модернизација на граничните премини и драстично скратување на увозно/извозните и транспортни процедури’’, изјави за Локално, директорот на сектор извоз во „Витаминка“- Прилеп, Љупчо Велески.

Според Велески, сите активности кои се превземаат во регионот, а кои одат во насока на релаксација на меѓусебните односи, упростување на процедурите, модернизирање на инфраструктурното поврзување… делуваат позитивно врз економските процеси во регионот. Како спротивна ситуација го посочува затегањето и компликациите во односите кои делуваат дестимулативно и ги разделуваат заедниците, пазарите и економските субјекти.

Покрај иницијативата „Отворен Балкан“, како особено позитивен пример во однос на економските последици, односно зголемувањето на извозот на компанијата, Велевски го наведува договорот од Преспа.

„Договорот со Грција во голем дел ги отстрани или значајно ги намали претходните бирократски пречки и на некој начин анимозитетот кој постоеше кон производите со македонско потекло, па последните неколку години Витаминка ( а и многу други македонски компании) разви одлични извозни операции и партнерства со деловни субјекти од Грција, и грчкиот пазар е еден од нашите најважни, брзорастечки извозни пазари“, вели Велески.

Дека бенефитите од „Отворен Балкан“ ги чувствуваат граѓаните говори и високото ниво поддршка од рекордни 82% од македонските граѓани, што е за седум процентни поени повеќе од поддршката пред една година кога изнесувала 75%, информираа од ИРИ.

Според амбицизоните планови на иницијативата Отворен Балкан, доколку работите се одвиваат според предвидениот тек, земјава наскоро практично нема да има граници со Албанија и со Србија. Целта е високо поставена- една економија, без царини, 100 % слободна трговија.

Најавено е отворање посебна лента за камиони, поврзување на министерствата за финансии на сите три земји преку единствен софтвер, зајакната соработка и поврзување на МВР-службите за спречување на корупција и криминал при транспортот, увозот и извозот, како и поврзување на младите преку заеднички престој во хотели во туристички центри како Драч, Охрид, Копаоник, Златибор, итн.

Во регион кој со години наназад беше обременет со меѓусебни конфликти и минато, „Отворен Балкан“ треба да биде демонстрација на напредок што може да го постигнеме сами, единствено насочени кон иднината и подобрувањето на животниот стандард.

К.В.С. 

Извор: Локално

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: „Витаминка”„Локално“„Пекабеско“Анита Ангеловска БежоскаНБРМОтворен БалканСрбија
Next Post

(ИЗБОР) Албански медиуми: Протести против Курти и германскиот амбасадор во Косово, Берлинскиот процес и Западен Балкан, почина просветителот проф. Аднан Агаи

НАЈНОВО

Новинарот Селмани жртва на вандализам: Избрале погрешен човек

September 3, 2025

ОЈО: Бомби и муниција пронајдени во дом во Идризово, поведена истрага

September 3, 2025

„Виз Ер“ воведува летови до Скопје од Будимпешта и Наполи, а до Охрид од Катовице, Вроцлав и Милано

September 3, 2025

НАЈЧИТАНО

  • „Виз Ер“ воведува летови до Скопје од Будимпешта и Наполи, а до Охрид од Катовице, Вроцлав и Милано

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сиљановска Давкова смета дека нема потреба од декларација за црвените линии на државата за евроинтеграциите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Магистерскиот труд на Филков отвора дилеми за судир на интереси

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Новинарот Селмани жртва на вандализам: Избрале погрешен човек

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кина претстави нова нуклеарна тријада и хиперсонични ракети на воена парада

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk