ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home АНАЛИЗИ

Истражување: Популизмот веќе не ви проаѓа, граѓаните не му веруваат

January 10, 2023 11:42
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА, ФРОНТ
Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: ЉУБИША НИКОЛОВСКИ

Македонските политички партии ако не се самобендисани до даска и ако го прочитале истражувањето на Институтот „Тони Блер“ објавен во Гардијан деновиве, треба добро да се размислат и да се ослободат од популистичкиот начин на нивното дејствување.

Оваа форма на владеење  сè повеќе ја губи довербата кај граѓаните, а доказ се фактите од анализата на британскиот институт, според кој бројот на популистички лидери  е најнизок во последниве 20 години. Па така од 8 милијарди жители во Светот, само 1.7 милијарди живеат под популистички режим.

Но најдрастичен пад има последниве две години кога бројот на луѓе кои живеат под популистички режим е намален за 800 милиони.

И оваа 2023 година би можела да биде исто така пресудна за популизмот предвидува респектабилниот британски институт „Тони Блер“.

Оттаму популистичките барања за предвремени избори од страна на опозицијата можат да завршат неславно, ако ѝ се верува на научната анализа.

За одбележување е студијата на „Тони Блер“ институтот која вели дека „културно-популистичките партии се мачат да формираат ефективни влади, особено кога се соочуваат со економски предизвици или сложени прашања“.

Тоа и виси на глава и на ВМРО-ДПМНЕ за која речиси сите аналитичари велат дека дури и да освои повеќе гласови на изборите, тешко ќе формира Влада, токму поради слабиот коалициски капацитет кој се огледа во цврстото држење до етно-националните перформанси во општество, кое е под дифолт- мултиетничко.

За да нема забуни, извештајот нашироко го дефинира популизмот во три категории: културен популизам, кој има десничарска етно-националистичка привлечност; социоекономски популизам, кој им се допаѓа на левите партии; и анти-естаблишмент популизам, кој се фокусира на таргетирање на елитите.

Според оваа дефиниција популизмот е присутен кај сите политички субјекти во земјата, со тоа што во првата категорија влегува ВМРО-ДПМНЕ, во втората би се нашле СДСМ, а веројатно Левица е онаа која спаѓа во третата категорија популистички партии.

Институтот тврди дека антипопулистичките мејнстрим партии треба да препознаат дека кога се на власт им требаат антипопулистички правила на игра кои се различни од оние што ги користат владејачките мејнстрим популистички партии.

Преведено за нашата политичка сцена, тоа значи дека сегашната владина коалиција доколку сака да се ослободи од популистичките елементи, треба да се фокусира на својата работа, а помалку да и парира со популистички методи на опозицијата. Односно да престане да ги имитира популистичките ПР методи на ВМРО-ДПМНЕ, дотолку повеќе што македонската Влада е доминантно левичарска, таа е насочена кон социоекономскиот просперитет на граѓаните и затоа како „мејнстрим партија треба да има своја јасна, суштинска политичка агенда и да не се фокусира на негативна кампања против популистичките предизвикувачи, бидејќи популистите секогаш ќе тврдат дека нивните суштински прашања се недоволно обработени од мејнстрим политиката“.

Анализата иако е светска, како да дава прецизен пресек на македонските политички собитија.

Таков е случајот со ВМРО-ДПМНЕ како десничарска, етно-националистичка популистичка партија, која нема однос кон прашања како што е глобализацијата или членството во колективните системи на меѓународно здружување како ЕУ или НАТО. За нив тоа претставува предавство на националните интереси поради губење на автентичните културолошки посебности на македонскиот народ.

За оваа партија се поважни историските прашања како и етничките односи во земјата отколку стратегиските правци кон кои се движи државата, како и работничките права и стандардот на граѓаните.

Не случајно и на меѓународен план го респектираа американскиот претседател Доналд Трамп и си сите сили учествуваа во неговата победа на тогашните избори.

Но на среднорочните (конгресни) избори во САД, мнозинството кандидати поддржани од Доналд Трамп, кои се залагаа за десничарски национализам и теории на заговор, не беа избрани и потфрлија во однос на умерените.

„Откако поразија неколку умерени републиканци на прелиминарните избори во сојузните држава, кандидатите на Трамп подоцна ги загубија повеќето од изборните трки во ноември, што републиканците ги чинеше загуба од неколку гувернери и неможност да обезбедат контрола врз Сенатот. Најзабележително, тие ги загубија сите избори на државно ниво за позиции кои вклучуваат изборна администрација во сојузните држави“, се вели во извештајот.

За разлика од нив кај СДСМ постои проблем кој е спротивен на политичкиот опонент. Имено,  СДСМ како изворно лева партија своите програмски приоритети ги гледа во развој на државата како систем на граѓани, или работници без нагласена етничка позадина. На левите партии како „мана“ им се зема тоа што социо-економскиот аспект на граѓаните како еднакви индивидуи им е поважен од нагласување на етно-националните потреби на населението. Од таму и одредена противречност со која периодично се соочува оваа партија, а тоа се критики од мнозинскиот народ, на кого во историски контекст му е важно да биде дефиниран како носител на државотворноста, а за која всушност се залага токму таа партија.

Поради ваквите општествени контрадикторности во СДСМ, не ретко е доживувана како поголема националистичка партија од ВМРО-ДПМНЕ, кога станува збор за партиите на Албанците, затоа што тие иманентно на своето постоење се залагаат за колективните права на етничката заедница на која и припаѓаат, додека за левичарите тоа е помалку  релевантно.

Оттаму и значителен период на политичкката сцена во Македонија добро соработуваа македонските и албанските етно-националистички, популистички партии.

Се разбира во македонското општество цврстите идеолошки граници со времето се избришале и затоа можат да се видат политички инклинирања и кај едните и кај другите политички субјекти. Поради политичка прагма и едните и другите и третите се почесто прибегнуваат кон популизмот како метод на додворување кон гласачите, на тој начин претворајќи го граѓанскиот субјективитет на ниво на објект подложен на конзумирање допадливи зборови без основа.

Затоа партиите заличуваат на аквизитери во малопродажба на производи за домаќинството во што главна улога имаат рекламите.

Извештајот вели дека мејнстрим партиите мора да сфатат дека гласачите се повеќе се уморни од реторичкиот вишок што ги игнорира проблемите со кои се соочува една земја.

Tags: ВМРО-ДПМНЕизбориИнститут „Тони Блер“коалициски капацитетпопулизамСДСМ
Next Post

Јавното обвинителство ќе го гони Жан Митрев за кривично дело „измама“

Shortcut

Најново

Неверојатно но вистинито: Убедлива победа на Путин!

September 22, 2026

Мицкоски се пофали со разговор со Рубио, СДСМ: Тоа беше средба во ходник

September 21, 2026
Никола Спасов

Најопасната лага на социјалните мрежи воопшто не е лага

September 20, 2026

КУРШЛУС: Сатира за времиња во кои реалноста ја надминува шегата

September 19, 2026

Оружје, принуда и заплашување – составни делови на рускиот изборен процес

September 19, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Никола Спасов

    Како една објава ја преобликуваше глобалната дебата за вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • САТИРА: Не фала, од дома си носиме шопска и жолта со гаранции

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Најопасната лага на социјалните мрежи воопшто не е лага

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бран од жестоки критики по маневарот на Мајк Џонсон за спас на Хегсет: Претставничкиот дом распуштен за да се спречи импичмент и судење во Сенатот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Чалам на виткање, карактер на расклопување

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk