ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Полиграф: Дезинформација е дека Русија не војува против Украина и дека ги „ослободува своите региони од окупација“

January 17, 2023 20:48
in PMD, ВОЈНА ВО УКРАИНА, ДЕЗИНФОРМАЦИИ, ДЕНЕС

На 09.01.2023, повеќе медиуми ги пренесоа изјавите на Николај Патрушев, секретар на Советот за Безбедност на Руската федерација, дека „Настаните во Украина не се конфликт меѓу Москва и Киев…“ и „Ние не војуваме против Украина, бидејќи не можеме да го мразиме обичниот украински свет“.

Но, овие тврдења на Патрушев се очигледни невистини. Како што истакнува и Полиграф.инфо, „Русија изврши инвазија врз Украина во февруари и покрај недостатокот од веродостојна закана од Украина и од НАТО“. Ваквите изјави на руските претставници се оценети како „лажни рационализации за нивната војна“.

Исто така, порталите Антропол и Вечер ја пренесоа изјавата на Патрушев дека „Русија со специјална воена операција ги ослободува своите региони од окупација…“.

Но, во резолуција на Генералното Собрание на ОН се наведува дека „Регионите на Украина Донецк, Херсон, Луганск и Запорожје се подрачја кои, делумно, се или биле под привремена воена контрола на Руската федерација, како резултат на агресија, која го повредува суверенитетот, политичката независност и територијалниот интегритет на Украина“.

Оттаму, и изјавата на Патрушев дека Русија ослободува свои региони од окупација е очигледна невистина. Русија навлегува во границите на Украина, кои самата ги признала со договорот за руско-украинската државна граница потпишан во 2003 од страна на Путин.

Ова не е првпат Патрушев да шири дезинформации. Во мај 2022, тој без никакви докази тврдеше дека „Полска веќе тргнува во акција за окупација на западноукраинските територии“, што се покажа како невистина.

Медиумите имаат обврска да објавуваат проверени информации, и затоа не треба да шират дезинформации од руски официјални претставници, кои изнесуваат очигледни невистини во функција на нивната пропаганда.

Извор: Слободна Македонија

Tags: дезинформацијапропагандаРусијаУкраина
Next Post
Седница на Влада. Фото: М. Ацковска / Фронтлајн

Старото училиште во Љубојно ќе се ревитализира во Центар за промоција на македонскиот јазик

НАЈНОВО

Министерство за транспорт

Вицепремиерот Николоски во Будимпешта на прослава на Националниот ден на Унгарија

August 20, 2025

Кој сè е надлежен за спроведување на изборите – што е што во изборен контекст

August 20, 2025

Систина му се закани, Кедев одговори: Оваа тужба ќе биде можност конечно да се види што навистина се случува во македонското приватно здравство

August 20, 2025

НАЈЧИТАНО

  • „Кетаминската кралица“ ќе се изјасни за виновна за смртта на Метју Пери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ калкулира со необјавување кандидати за градоначалници во поголемите општини, се повлекува од западна Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битиќи до Николоски: Концесијата на ВМРО-ДПМНЕ – симбол на криминал, падна на арбитража

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова: Граѓаните се разочарани од власта, паѓа поддршката на ВМРО-ДПМНЕ, градоначалниците им ги тресат големи скандали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Систина му се закани, Кедев одговори: Оваа тужба ќе биде можност конечно да се види што навистина се случува во македонското приватно здравство

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk