„Пратениците, се гласот на граѓаните во законодавниот дом. Постигнувањето на заедничките национални и општествени цели мора да го стават пред политичките и идеолошките разлики. Некои одлуки треба да ги донесеме поради сите граѓани на Северна Македонија, нивната иднина е пред сите политички и идеолошки разлики“ изјави премиерот Димитар Ковачевски на прес-конференција.
Тој додаде дека без разлика на партиската припадност, пратениците се избраници на граѓаните и поради тоа мора да покажат конструктивност во име на граѓаните и единство за благосостојбата на граѓаните и општеството.
„Процесот на членство во ЕУ е сложен, но бара континуитет, силна волја, затоа да го направиме тоа, не поради Европската Унија, туку да го направиме поради нашите граѓани“ рече Ковачевски.
Премиерот кажа дека Северна Македонија има целосна поддршка од Европската комисија за забрзување на темпото на пристапните преговори.
„Сега се е во наши раце и подобриот живот на граѓаните, европската иднина на земјата, сето тоа зависи од сите нас, Да бидеме единствени за членство на Северна Македонија во ЕУ, да покажеме единство бидејќи тоа е влог во градење просперитетна иднина на граѓаните и на државата“ рече Ковачевски.