ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ГОВОР НА ОМРАЗА

ЦИВИЛ го осудува говорот на омраза на Димитар Апасиев од Левица

February 2, 2023 19:03
in PMD, ГОВОР НА ОМРАЗА, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

ЦИВИЛ со крајна индигнација го осудува неодамнешната објава од шефот на Левица, Димитар Апасиев, во која тој се послужи со крајно навредливи зборови и манипулации кон Цивил и кон претседателот на организацијата. Ова е само уште еден од бескрајната низа испади на овој ултрадесничар кој предводи политичка партија застапена и во македонскиот парламент.

„Сите ќе ве стреламе“ и „Децата крв ќе ви плукаат“ се само дел од скандалозниот, екстремен и заканувачки „асортиман“ на овој политичар. Тој стана познат и како таков ќе биде запаметен: вулгарен, валкан и насилен. За него е познато дека застапува и се обидува да спроведе идеи и концепти што се целосно спротивни на демократските принципи и стратешките определби на земјата.

Одговорноста на Апасиев е дотолку поголема што тој (со јавни пари), се впушта во лични вербални пресметки со интелектуалци, активисти, новинари, граѓански организации и политички противници. Притоа, користи речник на омразата и повикува на насилство и војна. Апасиев е крајно непристоен и вулгарен и често изгледа како да нема контрола врз себе и своите постапки, што може да биде крајно опасно, имајќи ја предвид неговата општествена позиција како просветно лице на универзитетско ниво и политичката функција на пратеник и предводник на политичка партија.

Познато е дека тој им слугува на своите лични интереси. За да ги оствари своите лични цели, Апасиев злоупотребува јавни пари и манипулира. Се служи со дезинформации и пропаганда, валкани средства насочени против мирот и стабилноста во земјава и во светот. Едноставно, Апасиев не може да се помири со неуспехот да се наметне и да ги попречи клучните општествено политички текови во земјата, без оглед на високите суми јавни пари и непознатите суми од црни пари со кои располага.

Од првиот ден кога стапна на јавната сцена, Апасиев и нему слични се будат и заспиваат со Цивил во мислите.

За среќа, „моќта“ на Апасиев е ограничена на двајца пратеници во парламентот и еден грст екстремисти во земјата. Сепак, тоа не значи дека треба да ужива во неказнивоста што му ја обезбедуваат институциите.

Цивил упатува јавен повик до сите релевантни институции и саморегулаторни тела да преземат соодветни чекори за осуда и санкционирање на тешките навреди, клевети и говор на омраза што произлегуваат од јавните настапи и дејствувањето на Димитар Апасиев и Левица, а чија мета неретко е токму Цивил.

Tags: говор на омразаДимитар АпасиевЦИВИЛ
Next Post

Политичката (не)култура на ВМРО-ДПМНЕ и Левица не ја исфрли земјата од друштвото на земји со функционална демократија

Shortcut

Најново

ЦИВИЛ бара разрешувања и законска одговорност за величањето на Младиќ: Нема помирување без правда

August 30, 2026

Исланд го отфрли враќањето на преговорите со ЕУ

August 30, 2026
Кијивска област, 29 август 2026 (извор: ДСНС)

Триесет часа руски напад врз цивилите во Украина: Расте бројот на жртвите, најмалку 37 загинати

August 29, 2026

До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ?

August 29, 2026
Скопје, центар, 27 август 2026 (фото: Фронтлајн)

Фотографски записи од центарот на Скопје

August 29, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Трамп е наш, ние сме трапави!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Нешто не е в ред со Вучиќ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија: Дали партнерите на ДПСМ во власта ја делат истата глорификација на воените злосторства на Ратко Младиќ?!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Секс со здравиот разум и демократија во сите пози

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Смртта на Ратко Младиќ: Крај за еден воен злосторник, но не и за негирањето на вистината

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk