ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ ESPRESSO

Судот од Стразбур им рече „цврц“, кримосите од ВМРО-ДПМНЕ че си лежат

February 16, 2023 12:52
in ESPRESSO, ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, ПРАВДА, ФРОНТ
Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: ЈАНЕ ЃОРЃИОСКИ

Алелуја?!

Знам, не е уште за алелуја ама денеска Судот во Стразбур ја отфрли жалбата за поништената аболиција која ја донесе изгубениот во превод поранешен претседател Ѓорге Иванов. Со последните политички трзаи, Хорхе тогаш со незаконска аболиција, се обиде да им извлече жива глава на неговите криминални ментори од ВМРО-ДПМНЕ.

Сега и Стразбур им вели „цврц“.

За жал на скептиците и за радост на правдата, државата и поштениот свет, предметите на СЈО и судењата кои произлегоа од нив ќе продолжат, а кримосите од ВМРО-ДПМНЕ че си лежат.

„Судот во Стразбур се изјасни по жалбата поднесена од осуммина граѓани на Република Северна Македонија. Станува збор за аболицијата на Иванов од април 2016 година со која беа помилувани 56 лица осомничени и осудени во повеќе предмети што ги водеше Специјално јавно обвинителство, меѓу кои и поранешниот премиер Никола Груевски, министерот за транспорт и врски во неговата влада Миле Јанакиески, министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, поранешниот директор на УЈП Сашо Мијалков и други тогашни државни функционери. Жалбата беше отфрлена од судот, што значи дека предметите на СЈО и судењата кои произлегоа од нив ќе продолжат.“

Што поточно значи ова?

Ова кажува дека: Миле, Горде, братучедот Саше и багра, си го продолжуваат патот по „зелената милја“, а Грујо ќе го крка тоа кога ќе го сменат унгарскиот деспот од претседател. Дотогаш, дури Миле и Горде скапуваат в затвор и со молчење го штитат Пастирот им, тој ќе си лади мадиња во Пешта со атрактивни старлети и ќе си живее тоа што неизживеал во младоста. Да им се чуди човек на умот?!

Сагата ќе си има и продолженија, ич да не се надевате дека правдата сега поглатко ќе оди.

Секирациите со пипците од Мијалков, со тефтерчето од Горде, со лопатите, тендерите, плацевите од Миле и Грујо, со хилтите, лифтовите, со човечињата… има да си ги разбркуваме уште бааѓи време.

Има да си се молиме таму некој совесен бато од судот да ги потера предметите да не застарат. Некоја дадичка од обвинителство да не замижи пред очигледни факти и обвинението да не заврши во ѓубре.

Сè се тоа мафиозни трикови на „верни до гроб“ „ме зезаш“ затскриените слуги на мафијата со кои ќе треба да се избориме. Тоа е цела еден криминална машина за чие раскринкување не се доволни судови, па биле и меѓународни, туку треба сите здраво да запнеме. Да не ги оставиме на мир, да не дишат; да им цапнеме на врат; да не трепнат; да сме мачни досадно жедни за правда. Да врескаме!

Но одлуки како оваа од Стразбур, драги мои, сепак се оние мали победи на кои секој правдољубив човек заслужува да си се израдува, па било тоа и за миг.

Борбата продолжува!


Текстот е личен став на Авторот. Дозволено е преземање на текстот според лиценцата Creative Commons 4.0. Извор: FRONTLINE.

Tags: ВМРО-ДПМНЕГордана ЈанкулоскамафијаМиле ЈанакиескиНикола ГруевскиправдаСашо МијалковСуд во СТразбур
Next Post

Спасовски: Силна порака од Стразбур, мотив сите да работиме во борбата против криминалот и корупцијата

Shortcut

Најново

Филипче: Ги повикувам сите што знаат дека со оваа власт нема иднина да се приклучат во Фронтот

May 31, 2026

Николоски: Изградбата на автопатот Прилеп-Битола оди со одлично темпо, првите километри ќе бидат готови следната пролет

May 31, 2026

ПСЖ ја одбрани европската круна: Арсенал падна по пенал-рулетот во Будимпешта

May 30, 2026

 „Охрид СОС“  бара итна привремена заштита на куќа од 1927 година во Охрид

May 30, 2026

Љутков: Културната дипломатија ја обликува иднината на градовите, а Скопје 2028 е можност за нова европска културна визија

May 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Кочоска Димитриеска ја повика опозицијата на средба, Филипче прифати, но бара камери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Удар врз Перез: Милијардерот Рикелме влегува во трка за претседател на Реал Мадрид со ветување за две суперѕвезди

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Како виралниот хит „Let Me Be“ креиран со вештачка интелигенција го преплави интернетот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис за 26 мај 2026: Тактичност во договорите и консолидација на рамнотежата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис за 29 мај 2026: Широки хоризонти и чист оптимизам

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk