ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ON THE HOUR

Украина 378. ден: Светските лидери разговараат за трајно враќање на мирот во Европа

March 8, 2023 17:00
in ON THE HOUR, PMD, ZOOM IN, ВОЈНА ВО УКРАИНА, ДЕНЕС, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Украина денес се наоѓа во 378-от ден војна, откако Русија изврши инвазија врз земјата.

Ова се главните теми кои го одбележаа денешниот ден.

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг синоќа, во пресрет на состанокот на министрите за одбрана на ЕУ во Шведска, ја истакна потребата од дополнителна воена помош за Украина.

Канада до октомври ќе ја продолжи својата мисија за обука на украински инженери и обука за воена медицина, соопшти канадскиот премиер Џастин Трудо.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски предупреди дека во случај на заземање на Бахмут, за кој со месеци се водат борби, руската армија ќе има „слободен пат“ да ги окупира градовите во источна Украина.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш денеска пристигна во Кијив со надеж дека ќе добие продолжување на договорот меѓу Русија и Украина за извоз на жито склучен минатото лето, со што ќе се избегне глобален недостиг на еден од основните прехранбени производи.

Велика Британија следната година ќе го зголеми буџетот за национална одбрана во обид да се справи со недостатоците и ранливоста поради војната во Украина, тврдат добро информирани функционери блиски до премиерот Риши Сунак.

Денеска генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг предупреди дека источниот украински град Бахмут, кој е во центарот на неколкумесечната борба, и кој е под притисок на руската војска и руската паравоена група Вагнер, би можел да „падне во следните денови“.

Американскиот државен секретар Антони Блинкен и литванскиот министер за надворешни работи Габриелиус Ландсбергис се состанаа на 6 март во Вашингтон, нагласувајќи ја силата на односите меѓу САД и Литванија како сојузници на НАТО и блиски партнери, како и длабоката соработка на широк спектар на теми. вклучително и за поддршката за Украина.

Од почетокот на војната во Украина, ЕУ обезбедила повеќе од 13 милијарди евра за украинските бегалци, соопшти денеска Европската комисија. ЕК истакнува е дека ЕУ примила четири милиони Украинци кои побегнале по руската инвазија на нивната земја.

Шефот на Кабинетот на претседателот на Украина, Андриј Јермак имаше телефонски разговор со советникот за национална безбедност на претседателот на САД, Џејк Саливан, при што го информираше својот колега за големите штети врз животната средина во Украина предизвикани од руската агресија и како тоа ќе влијае на екосистемот во Европа.

Францускиот претседател Емануел Макрон разговараше со неговиот американски колега Џо Бајден за изгледите за „трајно враќање на мирот во Европа“, потврдувајќи ја поддршката за Украина во нејзиниот конфликт со Русија.

Михаило Подољак, советник на шефот на Кабинетот на претседателот, изјави дека Украина нема никаква врска со експлозиите што ги погодија гасоводите „Северен тек“ во Балтичкото Море минатата година.

На состанокот на министрите за одбрана на ЕУ во Шведска, германскиот министер за одбрана, Борис Писториус изјави дека вкупно 9.000 војници на вооружените сили на Украина ќе поминат обука во Германија до крајот на годината.

Сè уште не е јасно кој е одговорен за минатогодишниот напад на гасоводите „Северен тек“, бидејќи националните истраги не се завршени, изјави генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг.

Подготви: А. Ристески

Tags: Андриј ЈермакВојна во УкраинаЕмануел МакронЕУМихаило ПодољакСАДУкраинаЏејк СаливанШведска
Next Post

Жените во земјите на ЕУ имаат помалку од една третина од пратеничките места, Северна Македонија над европскиот просек

Shortcut

Најново

Фото: МИА

Гаши: Охридскиот рамковен договор останува столб на мирот, еднаквоста и соживотот

August 13, 2026

Андовски вели нема место за паника по прогласувањето на епидемија од западнонилска треска во неколку скопски општини

August 13, 2026

СДСМ бара Национален оперативен штаб и конкретни мерки за заштита од западно-нилската треска

August 13, 2026

Кој е оштетен во случајот „Мазут“ ако ЕСМ не пријавило штета, а ТЕЦ Неготино остварила профит?

August 12, 2026
Фото: СКРМ

СКРМ и Министерството ќе формираат работни групи за Колективниот договор и Законот за култура

August 12, 2026

НАЈЧИТАНО

  • ЗНМ бара итна истрага од МВР: Смртни закани и повици за насилство кон новинарот Ерол Ризаов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче за Францускиот предлог и Мицкоски: Кој оди на екскурзија во лето, во Брисел?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хроника на една пропадната држава (јули 2026): Додека правдата е заробена во „реформи“, луѓето се трујат од вода и политика, а владата и опозицијата се „реконструираат“ – земјата тоне во „достоинство“ и молчи пред Украина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пацови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битка за минатото и слепило за иднината

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk