Уставните измени не треба да бидат предмет на политичка девалвација или уцена од било која политичка партија, рече заменик претседателката на СДСМ, Сања Лукаревска во гостувањето во Алсат. Според неа, секоја политичка партија има свои приоритети и предизвици во рамки на своето политичко функционирање и во своето партиско делување.
„Ние имаме концепт на движење на државата напред, бидејќи и покрај уставните измени имаме и реформски процеси во правосудството, во јавната администрација, децентрализацијата… Ајде прво да ги донесеме уставните измени, па потоа се што е останато во рамки на ова што значи демократичност, транспарентност и владеење на правото да го спроведуваме ред по ред“, кажа Лукаревска.
Таа истакна дека исправени сме пред државничка одлука, која мора да ја искористиме, а се осврна и на европскиот фронт.
„Европскиот фронт ќе се зголемува и понатаму, бидејќи друга опција немаме. Можеби Алтернатива имаше незадоволство кога излегуваше од Влада, но никогаш не скршнаа од патот дека нема да ја почитуваат европската агенда. БЕСА беше под плаштот на европската агенда кога бевме заедно на парламентарните избори во 2020 година. Европскиот фронт е отворен за сите, вратите се отворени за сите па дури и за ВМРО-ДПМНЕ и нивните прогресивни сили“, рече Лукаревска.