ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ИЗБОРИ

Транспарентно политичко финанисрање – потребни измени во Изборниот законик

April 4, 2023 15:03
in PMD, ДЕНЕС, ИЗБОРИ
Share on FacebookShare on Twitter

Кога зборуваме за изборни процеси, пред сè, во техничка смисла на зборот, се поставува прашањето колку тие ќе чинат. Колку од буџетот на државата ќе се обезбеди за изборите, колку за платеното политичко рекламирање, колку за ДИК и други релевантни институции инволвирани во изборите.

Еден од приоритетите на ЦИВИЛ во мониторирањето на изборните процеси, а во контекст на изборните реформи, е токму политичкото финансирање.

Со измената во изборниот законик во февруари 2020 година, со распуштање на Собранието, во пресрет на предвремените парламентарни избори во јули, се овозможи донациите во пари и парични средства за финансирање на изборна кампања да се уплатуваат на трансакциската сметка најдоцна до денот на затварање на истата, односно 45 дена по објавување на конечните резултати од изборниот процес, измена направена во 2021 година, пред локалните избори во октомври.

Истата година се менува и став 8 од член 71 каде во случај на неподнесување, односно непотврдување на листата на кандидати, субјектите од ставот (1) на овој член кои обезбедиле ЕДБ и отвориле трансакциска сметка се должни непотрошените донации да ги вратат на давателите на донацијата сразмерно на донираниот износ во рок од 15 дена и се должни веднаш да ја затворат трансакциската сметка од ставот (1) на овој член.

Сепак, и покрај неколкуте измени во членовите 84-б и 85, кој се однесува на финасиските извештаи нема дополнителни измени.

ЦИВИЛ подоготви анализа на политичкото финансирање за предвремените парламентарни избори во 2020, чии наоди, заклучоци и препораки, дел се имлементриани дел можат да се имлементираат во новите измени и дополнување што се предвидуваат во Изборниот законик, пред изборните процеси во 2024 година.

Препораки:

Со оглед на фактот што се губи ефективноста на ограничувањето на износите за донации од причини што е дозволено префрлање на средства од редовната сметка кон изборната сметка, да се усогласат износите на донации кои се дозволени за редовната сметка и сметката за изборна кампања и да се оневозможи донирање на едно физичко или правно лице и на двете сметки.

Да се земат во предвид сугестиите на релевантните институции и засегнатите страни при пропишувањето на обрасците за извештаите кои учесниците во изборната кампања треба да ги доставуваат кон надлежните органи. Министерството за финансии е обврзано да ги пропишува обрасците за извештаите, но од причини што министерството не е корисник на истите не ги прибира и анализира, се поставува прашање дали пропишаните обрасци ги задоволуваат потребите на институциите што ги користат тие извештаи.

Да се задолжат партиите своите извештаи да ги објавуваат на нивните веб страници. Иако во законот се предвидува партиите своите извештаи да ги објавуваат на нивните веб страница, не сите партии ја почитуваат оваа одрдба, па така се загрозува транспарентноста.

Извештаите да обезбедуваат споредливост. Имено задолжително да се изготвува Биланс на состојба во кој ќе се споредуваат два периода. Досегашните извештаи не обезбедуваат информации за постоечките обврски, и подмирени обврски од минат период.

ЦИВИЛ подготвува нов сет на препораки кои произлегуваат од долгорочното набљудување на политичко-општествената состојба во изборен контекст.

Подготви: Б. Ј. / Цивил Медиа

Tags: избориполитичко финансирањеЦИВИЛ
Next Post
Rod Emmerson

Статуата на „слободата“ на Путин

EVN

НАЈНОВО

Комисијата за култура на СДСМ: Платите во културата се пресметуваат по закон, не по упатства на министерот

January 13, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

СДСМ: Алта банка случајно ги купи конфискуваните акции на Мијалков со одлука на Владата

January 13, 2026

Шпански медиуми: Хулио Иглесијас обвинет за сексуално злоставување на две жени

January 13, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Инстаграм

    Бруклин Бекам ја прекинал директната комуникација со родителите за да го заштити менталното здравје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 13 јануари 2026

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бојкотирачите тврдат дека Дацо Белски е претепан во Бугарија, во објавата се „послужиле“ и со текст од FRONTLINE.MK

    5 shares
    Share 5 Tweet 0
  • Шпански медиуми: Хулио Иглесијас обвинет за сексуално злоставување на две жени

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Џорџ Клуни со „скриена прозивка“ кон Трам на доделувањето на Златни глобуси 2026

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk