ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Петровска – Рубин: Северна Македонија и САД заеднички во борба со дезинформациите

April 11, 2023 17:56
in ZOOM IN, ДЕЗИНФОРМАЦИИ, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, ХИБРИДНИ ЗАКАНИ
Share on FacebookShare on Twitter

Министерката за одбрана Славјанка Петровска денеска се сретна со специјалниот пратеник и координатор на Центарот за глобален ангажман на американскиот Стејт департмент, Џејмс Рубин со кого разговараше за штетното влијание на дезинформациите особено имајќи ја предвид безбедносната состојба во регионот и руската агресија врз Украина, како и за начините како Министерството за одбрана ги развива своите капацитети за справување со дезинформации.

Хибридните закани вклучувајќи ги и дезинформациите имаат за цел да ја намалат нашата општествена отпорност и да предизвикаат внатрешни поделби и недоверба на граѓаните во институциите и нивната ефикасност. Затоа, мораме да имаме здружен пристап кој ги обединува напорите на сите чинители во општеството во соочувањето со овој предизвик, истакна министерката на средбата каде ја поздрави и отвореноста на Центарот за глобален ангажман за блиска соработка со институциите во Северна Македонија.

Петровска порача дека јасно видливо е зголеменото ниво на дезинформации поврзани со поддршката која Северна Македонија ја дава за одбрана на Украина, исто како што тоа беше евидентно и во однос на полноправното членство во НАТО.

Во однос на институционалните капацитети на Министерството, министерката истакна дека одбраната работи континуирано и систематски во развојот на способностите за справување со дезинформации и дека има видлив прогрес во организацијата на системот.

Министерството е лидер во однос на активната транспарентност зашто на тој начин медиумите преку пристапот до сите информации самостојно можат да ја осознаат и пренесат вистината. Ние сме свесни за штетноста на дезинформациите и затоа ми е задоволство што со заеднички сили ќе најдеме решенија за овој сериозен предизвик, потенцира министерката на средбата со Рубин.

Специјалниот пратеник Џејмс Рубин ги поздрави напорите на Северна Македонија за развој на капацитети за справување со дезинформации и изрази подготвеност Центарот за глобален ангажман на американскиот Стејт департмент да ја поддржи нашата земја со техничка експертиза и искуства. Тој додаде дека информациската и дигитална револуција треба да биде во функција на ширењето на демократијата и вистината, а не да се злоупотребува за поткопување на демократијата и глобалната безбедност.

Заедничкиот пристап и соработка е најдобриот начин за успешно спротивставување на заканите во информацискиот простор, изјави Рубин.

На средбата стана збор и за развојот на Регионалниот центар за односи со јавноста кој е НАТО – Партнерски центар, а е во фаза на добивање на институционална акредитација од страна на Алијансата и ќе функционира како НАТО школа за односи со јавноста.

Tags: безбедностдезинформациирегионСлавјанка ПетровскасредбаЏејмс Рубин
Next Post

Ковачевски-Рубин: Северна Македонија и САД остануваат партнери во активната одбрана од дезинформациите

EVN

НАЈНОВО

Како контроверзна тинејџ секс сцена од „Good Time“ ги раздели режисерите браќата Сафди

January 27, 2026

Сидни Свини се искачила на холивудскиот знак во ЛА и закачила градници

January 27, 2026
Фото: Скриншот, видео Јутјуб

(ВИДЕО) Тејана Тејлор ја одбележа „Париската модна недела“: Провидна чипка и бисерна круна на ревијата на Скијапарели

January 27, 2026

НАЈЧИТАНО

  • kristen stewart

    Кристен Стјуарт најави заминување од САД поради политиките на Трамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 26 јануари 2026

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • МВР објави кои сообраќајни прекршоци ќе се санкционираат со „Безбеден град“ и колкави се глобите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Обама по убиството во Минесота од агентите на ICE: Ова мора да престане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Малите трговци предупредуваат: Новиот закон за пушење може да затвори над 4.000 мали бизниси

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk