ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Шајн: Доколку не го процениме „Отворен Балкан“ ги осудуваме нашите деца на трајно економско заостанување

April 11, 2023 22:17
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ЕВРОПСКА УНИЈА, ЕКОНОМИЈА, РЕГИОН

Мораме да го препознаеме овој политички момент, бидејќи ова е моментот кога Балканот мора економски да се поврзе, оценува колумнистот Жељко Шајн, коментирајќи ја иницијативата „Отворен Балкан“.

Според него, треба да се укинат сите непотребни гранични процедури, бидејќи само така може да се генерираат нови инвестиции, да се зголеми размената на луѓе и стоки и да се подигне животниот стандард. Шајн во колумната вака го цитираше Томислав Момировиќ, министерот за внатрешна и надворешна трговија на Србија, додавајќи дека иницијативата „Отворен Балкан“ не смее да биде иницијатива што го испушта Сараево: „Тоа не е наша цел, не го сакаме. Овој простор го делиме заедно, сите сме живееле на ова место стотици години и сосема е неприродно што денес ни се поблиски луѓе од Германија и Франција отколку од Сараево, Бања Лука или кој било дел од нашиот прекрасен Балкан. Вложуваме многу енергија за да се поврземе економски, за што им благодарам на моите колеги од Северна Македонија и Албанија“.

Доколку не ја промениме нашата перспектива, ако не го промениме начинот на кој гледаме на нашите економски односи во иднина, ќе ги осудиме нашите деца на трајно економско заостанување. Мораме, по примерот на ЕУ, да ги релаксираме граничните процедури за луѓето да можат слободно да патуваат меѓу нашите држави и републики, и ова е фокусот на нашата политика. Уште еднаш им благодарам на сите луѓе кои се тука на панелот, рече Момировиќ и упати отворена покана до Црна Гора и Босна и Херцеговина на „Отворен Балкан“.

Тој ја нагласи желбата овие две земји да се видат во заедницата „Отворен Балкан“, но за тоа ќе одлучуваат самостојно како суверени и независни држави. Србија има развиена економска размена со Црна Гора, иако не како со БиХ, но секако е голема и, според него, природно е Црна Гора да влезе во „Отворен Балкан“.

Шајн во текстот го пренесува излагањето на Љупчо Јаневски, директор на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот на Република Северна Македонија.

Не треба да чекаме ЕУ да не прими, туку во периодот што е пред нас да работиме за подобрување на инфраструктурата на воздушните врски, протокот на патници, бизнисот и создавање клима за инвестирање, а БиХ многу брзо ја гледам во „Отворен Балкан“. Не можеме да заборавиме на туризмот меѓу земјите на Балканот, каде што се потребни најмалку осум часа со автомобил или 15 часа од БиХ до Охрид или некоја друга дестинација. Затоа е потребно што поскоро да почнеме да работиме на воспоставување авионска линија меѓу Сараево-Скопје, Бања Лука-Скопје и Охрид и за помалку од еден час да уживаме во сараевските или скопските чаршии, кафето во Бања Лука.. или охридски оброци на зајдисонце. Туристичката дипломатија треба да биде пример како да се градат мостови на пријателство. Време е заедно да и покажеме на Европа дека Балканот не е проблем, туку одлична можност, која во следните десет години ќе претставува економски позитивен пример доволно конкурентен за европската економија, вели Јаневски.

Шајн додаде дека иницијативата „Отворен Балкан“ е согласно Заедничкиот регионален пазарен план на Берлинскиот процес, кој од самиот почеток беше поддржан од САД, а сега ЕУ постепено ги реализира предностите од ова регионално поврзување и заедничко дејствување во остварувањето на европската интеграција.

Tags: АлбанијаБиХекономијаЖељко ШајнМакедонијаОтворен БалканСрбијатуризамЦрна Гора
Next Post

Продолжува расправата за измените на ЗРО поврзани со изградбата на коридорите 8 и 10д

НАЈНОВО

(ФОТО) Шукова и Трајановски: Четири години негрижа – Џевахир претворен во срам за градот, комплетен институционален хаос

August 20, 2025

Мицкоски вели „јасен е победеникот на локалните избори, а тоа е владејачкото мнозинство“

August 20, 2025
Фото: Фронтлајн

Одложено судењето за предметот „Адитив“

August 20, 2025

НАЈЧИТАНО

  • „Кетаминската кралица“ ќе се изјасни за виновна за смртта на Метју Пери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ калкулира со необјавување кандидати за градоначалници во поголемите општини, се повлекува од западна Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битиќи до Николоски: Концесијата на ВМРО-ДПМНЕ – симбол на криминал, падна на арбитража

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова: Граѓаните се разочарани од власта, паѓа поддршката на ВМРО-ДПМНЕ, градоначалниците им ги тресат големи скандали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мирот како пораз

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk